Љубов на Љуботен #ИзлезиИДиши

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод двата празника, Вљубениот и Пијаниот, и нашата иницијатива за чист воздух #ИзлезиИДиши , овој пат се селиме на првиот врв на Шар Планина, заштитникот на Скопје – Љуботен.

1. РЕКРЕАТИВНА ТУРА
Поради загаденоста во градовите во овој период од годината, иницијативата #ИзлезиИДиши опфаќа мали кратки тури на нашите планини каде има воздух за сите.
За рекреативците е предвидено искачување од Старо Село сѐ до вила Љуботен или планинарскиот дом Љуботен, каде што е дозволено мекнеење цел ден.
– Појдовна точка е Старо Село, кое се наоѓа на 700 мнв.
– До домот се пешачи неполни два часа.
– Патот по кој се оди е колски и за брзо време се влегува во шумски појас.
– Мекнеењето завршува во 15:00 часот во вилата, а потоа сите се спуштаме надолу.
-Тежина на турата – Лесно напорна.

2. ПЛАНИНАРСКА ТУРА
– Почетна точка е Старо Село (700 мнв).
– Пауза правиме кај планинарскиот дом Љуботен (1.622 мнв).
– Крајна точка е врв Љуботен (2.499 мнв)
– Патеката е маркирана. Се поминува низ шумски терен, а од домот до врвот се продолжува по пасишен и каменест терен.
– Вода има само во првиот дел од патеката.
– Патеката во двата правци е со вкупна должина од 20 км (од селото до врвот и назад )
– Просечно време на искачување е 4 часа.
-Тежина на турата – Тешка.

*** Атрактивноста на турата е во врвот кој има форма на пирамида. Љуботен важи за малку суров врв поради тоа што претставува еден вид “пристаниште” на Шара каде се прекршуваат сите ветришта. Љуботен е моќен, величествен и горд, ***

*** Врвот СЕ ЗАТВОРА во 13.30ч. Сите учесници кои до тој момент не стигнале на врв, должни се да се упатат назад кон вилата Љуботен.***

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
– превозот може да си го организирате сами (сопствени возила) или да ни се придружите (комбе/минибус/бус). И во двата случаи е потребно да се пријавите заради подобра организација и координација.
– Цената за организиран превоз е 300 денари по лице.
– Пријавување и плаќање најдоцна до сабота до 15:00 кај Алекс ✆ 070 382 751

ПОАЃАЊЕ:
– во 06:00 часот од паркингот пред Пошта 2 – Железничка станица
– попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall, автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во зимски услови;
– високи разгазени зимски чевли и гамашни;
– зимска топла облека која штити од дожд и ветер;
– зимски ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија