Љуботен 2016: “Опуштено, за Јовка”: Планината е најубавото место за викенд дружење со семејството

Датум на почеток:

05.07.2016

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Наменето за:
Семејства со мали и големи деца + авантуристи, планинари, планински велосипедисти, параглајдерсити и сите кои ја сакаат планината.
Локација и датум: 7-ми до 8-ми Мај; Планинарски дом Љуботен
Степен на подготвеност: средно ниво на подготвеност
Опрема: топла облека, вреќа за спиење.

Викендот, кој почнува во сабота, скокнете ја Зоолошката, градското кафе или ручекот со пријателите и дојдете во природа на само 40 км. од главниот град.
Инспирирани од човекот кој страствено ја сакаше планината и дружењето во природа, а кој за жал не напушти прерано, решивме да се собереме во планинарскиот дом Љуботен и да се потсетиме на вредностите и ликот на Јован Дамчевски – Јовка, а во исто време да поминеме викенд во природа, да се дружиме, играме, пееме, качуваме врвови и да поминеме квалитетно време со нашите деца и семејства на чист воздух. Под мотото „Да ја приближиме планината до нашите деца”, а инспирирани од силата и убавината на природата и водени од желбата да ја промовираме идејата дека дружењето во планина е семејна активност за која треба посветено да се залагаме, група другари, другарки и роднини на Јован срдечно Ве покануваат на планинарско дружење, на кое покрај пасионирани планинари, точкари, турно скијачи и слични nature lovers, сакаме да видиме и многу дечиња и семејства, за кои, пак, имаме специјално подготвена програма и настава во природа со менотри.
Подгответе си го ранецот, понесете реквизити за игра (фризби, топка, ластик, рекети…), соберете си ја фамилијата и се чекаме во домот на Љуботен кај Митко за да ја споделиме енергијата на Јован и да започнеме една традиција која ќе ги негува овие универзални вредности.

Датум: 7.5. – 8.5.2016

Програма:
Сабота
08:00 часот – поаѓање од Скопје према Старо село (Општина Јегуновце)
09:00 часот – поаѓање од Старо село према планинарскиот дом Љуботен, при што за децата и оние кои се осеќаат неспремни да пропешачат час и половина ќе биде организиран превоз со теренски возила до домот. Патот од Старо село до Љуботен е практично прошетка низ шума, нема стрмнини, се оди по макадам пат.
10:00ч – 12:00ч – пристигнување и сместување во домот, слободни активности околу домот.
14:00ч – 18:00ч: Ручек, играње со децата и опуштено дружење.
18.00ч – неопределено – забава во и пред домот со акустична жива музика од и со пријтелите на Јован.

Недела (за оние кои ќе дојдат во сабота и ќе преспијат горе, турата почнува од домот Љуботен)
Отворена еднодневна акција на врвот Љуботен 2499 м.н.в.

Турата започнува од с. Старо село(900м.н.в), преку планинарскиот дом Љуботен (1650 м.н.в.) до врвот Љуботен на 2499 м.н.в. и е во траење од 5 часа (во зависност од спремноста на групата) и искачување на 1600 m висинска разлика. За оние кој нема да сакаат/можат да го качат врвот постои опција да ја чекаат групата во планинарскиот дом Љуботен. Првата кратка пауза е кај домот по 1,5часа пешачење по макадам (земјен пат), од каде се продолжува до врвот.

Турата e средно тешка, и бара доволно подготвеност и кондиција, особено во вториот дели искачување на врвот. Учесници можат да бидат планинари/ки, рекреативци и ентузијасти кои имаат доволно кондиција и физичка спремностда се искачат барем до домот.

Секој учесник одговара за својата психофизичка состојба. Од опрема задолжително да се понесат солидни планинарски обувки, капа, ракавици и јакна/кабаница поради можност од променливо време, а од храна лесна храна/овошје. Вода може да се наполни во Старо село и во домот.

Поаѓањето е во 6,30 ч. од паркингот на Веро Tафталиџе, а враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје до Старо село. Бројот на местата се ограничени.

Пријавувањето задолжително се извршува по телефон на 072 24 39 39. Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до четврток 5мај 2016. Резервацијата на место е исклучиво со уплаќање. Доколку не се уплати до одредениот рок, местото се отстапува на други заинтересирани. Цената за турата е 450 денари.

* * *

Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот. Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.

Дополнителни информации:
Храна: Домот ќе понуди храна и пијалок за присутните по прифатливи цени. Секој може да си понесе и сопствена храна.
Спиење: Домот нуди 30 легла распоредени во 3 простории (една со 12 легла, и две со по 8 легла) за што приоритет за легло за спиење имаат децата. резервации според принципот – кој прв се пријави. Домот има сопствено греење на дрва, но важно е да се понесе и чиста постелнина или вреќа за спиење. Оние кои сакаат, околу домот ќе може да си постават шатори за преноќување.
Превоз: индивудално.
Донации: добредојдени се донации со цел настанот да продолжи да се одржува секоја година. Ве молиме контактирајте ги организаторите за информации.
Благодарност до: Сите што ни сметаат дека вреди да се поддржи и бори за идејата „повеќе време поминато во планина”.

Забелешки и битни информации:
Во случај на лошо време, организаторот го задржува правото да го одложи настанот најдоцна 24 часа пред самиот почеток. Доколку имате било какви прашања во врска со организација, логистика и поддршка, ве молиме обратете се во секое време на емаил кај:
Филип Нелковски; [email protected], мобилен 071 499 000 и кај
Коста Ивановски; [email protected], мобилен 070 399 727
За подобро планирање на настанот, и за ваша корист, битно ни е да го знаеме од прилика број на пријавени. Ве молиме пријавете се на Facebook или преку емаил порака.

Планинарски и другарски поздрав,

Опуштено и со љубов,

БУ

###

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија