Крчин 2341мнв
Датум на почеток:
23.02.2020
Време на почеток:
04:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Оваа недела патот нè води кон врвот Крчин 2341 м.н.в. на планината Дешат, која се протега во Националниот парк Маврово и Дуфскиот водопад.
Планината граничи со соседна Албанија и нуди прекрасен поглед кон Дебарската Kотлина, кон планината Бистра и врвовите Меденица и Карбула, кон целиот венец на Кораб, кон Проклетие и кон многу други планини и врвови.
ПРОГРАМА:
– Тргнување од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица во Скопје во 06:00 часот. (без доцнење и успивање)
– Попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош и CityMall, на автобуската кај кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.
– Носете ситни пари за карта за влез во Националниот парк Маврово која чини 30 денари, плус 50 денари за посета на Дуфски водопад.
– Пристигнување во с. Битуше кај месноста Драга, каде што има ливада на 1150 м.н.в.
– Над грамадната карпа Голема краста, која се наоѓа на 1880 м.н.в., на Џинова ливада има вода за пиење. На истата ливада се наоѓа и малото црквиче во чест на Пресвета Богородица.
– Од црквичката почнува стрмно искачување до самиот врв. На одредени места се поминуваат снежни јазици. Ова, воедно, е и најтешкиот дел од патеката.
– Турата изнесува само 6 км во правец со совладување висинска разлика од 1500 метри.
– За искачување до врвот потребни се околу 4 часа.
– Поради должината на денот, ќе одиме и на најубавиот и најенергичниот Дуфски водопад, кој е единствен од таков вид во регионов.
– Да потенцираме дека сите учесници на турата ќе бидат качени на врвот Крчин (ви нема бегање).
– Тежина на турата – средна. (Нема тежина поради долгиот ден :))
***Мал тренинг за сите оние кои сакаат да идат на Олимп со нас.
ПРИЈАВУВЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА :
– Цената за превоз по лице е 500 денари.
– Плаќање најдоцна до сабота (13. април) или до пополнување на местата.
– Алекс 070 – 382 751
– Дејан ✆ 071-212 808
ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење во планински услови;
– високи разгазени чевли и гамашни;
– облека која штити од дожд и ветер;
– ракавици и капа;
– планинарски стапчиња;
– облекување во слоеви
ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.
НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.