Кралски пат по повод ослободувањето на Тетово

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС Трансверзалец Скопје на 19.11.17 ќе се приклучи на акцијата „Кралски пат по повод ослободувањето на Тетово„ која е во организација на П.Е.Д. Аргентус Моунт и ПК Јелак од Тетово.
Текот на акцијата е преземен од оргaнизаторите:
Акцијата ќе се одвива по кањонот на река Пена од Тетово до некаде над Бродец, по што би го напуштиле текот на река Пена и би се упатиле кон Попова Шапка по земјениот пат кој излегува кај видиковецот пред Јелак.

Стартот на акцијата е во населбата Горна Чаршија, кај мостот на река Пена над полициската станица во Тетово во 07:00 часот, а ќе заврши на платото пред хотел Попова Шапка, каде што ќе го чекаме превозот за Тетово/Скопје.

Патеката е со средна тежина и е долга 20 километри, при што се искачуваме некаде околу 1.400 метри надморска височина. Истата во почетокот се движи кон месноста Бањиче, за потоа да тргне по патот кој е проширен за време на кралството Југославија, а веројатно е патека која се користела уште во античко време. Истата се движи над течението на река Пена и на делници е врежана во жива карпа, така да глетката е прекрасна и импресивна.
На делот кај што патот е толку оштетен што е опасно да се движи по него, истиот го напуштаме и се движиме низ густа листопадна шума во близинана самата река, при што поминуваме преку импровизираниот мост на Вејачка река поставен од П.Е.Д. Аргентус Моунт.
После извесно време, ја преминуваме Пена и тргнуваме во искачување кон Попова Шапка, при што шумата го менува својот карактер и од листопадна преминува во зимзелена.
Маршот завршува на Попова Шапка во планинарскиот дом Смрека, каде што ќе ги чекаме возилата кои ќе не спуштат во Тетово/Скопје, со што би го завршиле маршот.

Храната е од ранец, а вода е потребно околу еден литар, бидејќи времето не е топло, а природата во овој дел од Шар Планина обилува со вода.
Останатата опрема треба да биде прилагодена на овој период на годината и истата треба да содржи кабаница, камашини, навлака за ранец и друга опрема која би требало да ве заштити од временски непогоди (дожд или снег).

Вреди да се напомене, дека ова е една од последните прилики да се прошета овој реон, бидејќи истиот (дел од него) во иднина би бил потопен со изградба на акумулациона брана.
Цена за превоз од Скопје е 400 денари, во кој е вклучен превозот од Скопје до Тетово и враќањето од Попова Шапка до Скопје. Карти може да се набават во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу секој ден од 10 до 21ч.
Поаѓање од Скопје во 06ч од Пошта 2 – Железничка станица.

Лица за контакт:

Зоран Костадинов 070/641-998

НАПОМЕНА:

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
– Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во групапредводена од организаторите и водичите.
– Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
– Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија