Корапски водопад (Пројфелски водопад)

Датум на почеток:

06.05.2016

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 05.06.2016 (недела) ДПС Трансверзалец организира планинарска акција за искачување до Корабски Водопад од с. Рибница

Корапскиот водопад (Пројфелски водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада 1450 мнв – превој Пралуга 1700 мнв- Видиковец (премин под врв Рибничка Скала) 2000мнв – Длабока река 1950мнв

• Должина на патека вкупно: 23 км
• Времетраење: еднодневна акција
• Цена за превоз: 600 ден
• Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
• Пријавување : најкасно до 03.06.2016

Во 12.30 – 13 ч. Е предвидено пристигнување кај водопадот
Акцијата завршува во 19 ч. со пристигнување назад во с. Рибница

Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури
Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.

Локации за полнење вода: с.Рибница, .извор и чешма помеѓу Попова Ливада и превој Пралуга, Корапскиот водопад

Напомена:
Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.
Информации и пријавување на тел: Зоран Костадинов 070/641-998

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија