Корабски водопад – меморијал Димитар Боцевски

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 18.06.2017 (недела) ПСД КОРАБ организира еднодневна планинарска тура до Корабскиот водопад – водопадот во горниот тек на Длабока река, Акцијата е посветена на нашиот прерано починат член Димитар Боцевски. Настанот е влезен во календарот на годишни акции на ФПСМ.

Корапскиот водопад (Пројфелски водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.

Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.

• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада – превој Пралуга – Длабока река
• Должина на патека вкупно: 23 км
• Времетраење: еднодневна акција
• Цена за превоз: 600 ден
• Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
• Пријавување: најдоцна до 15.06.2017

Околу 12.30 – 13 ч. Е предвидено пристигнување кај водопадот
Акцијата завршува во 18 ч. со пристигнување назад во с. Рибница

Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури
Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.

Напомена:
Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.
Информации и пријавување на тел: Симо: 075 410 182, Љубомир Котевски 070/330-679

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија