Корабски Водопад 2017

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Последна шанса да се види водопадот Длабока Река, во топ форма, е месец мај…
Водопадот на Длабока река се наоѓа на масивот Кораб под Мала корабска врата, на кањонот на Длабока река. Водопадот се напојува од снеговите што се топат и од мали извори под Мал Кораб. Затоа препорачливо е да се посетува во месеците мај, јуни.
Планинарската акција е еднодневна тура во природа,патеката е маркирана,70% во шума и 30% по пасишта,но со панорама која ќе ве маѓепса .
Агенда:
Старт е од село Рибница во 08h се продолжува по маркирана патека покрај селото Рибница па преку Попова ливада кроз природен клима уред т.е Дабова шума се до Прелуга,видиковец и се спуштаме сликајќи кој со мобилен кој со фотоапарат кај водопадот.
Патеката Водопад Длабока Река се вбројува во категорија тешка патека,должина на патеката 23 км, 1800 м. D+, вода има долж патеката на три места храна од ранец,кабаница,планинарски чевли,вода 1.5л и да сте полни со љубов кон природата,подолгиот одмор е планиран кај чешмата под водопадот по одморот следи фотосесија и почнуваме да се враќаме по 3 часовно пешачење кон стартната точка во село Рибница.
Организаторот нема никаква одговорност кон учесниците кои не ѓи почитуваат инструкциите на водичите,загадување на природата со персонален отпад.
Организаторот не сноси никаква одговорност кон учесниците кои не се спремни психофизички за планинарската тура.
Котизација 50 ден по учесник.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија