Корабски Водопад
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
03:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
На 24.04.2016 (недела) ДПС Трансверзалец организира планинарска акција за искачување до Корабски Водопад од с. Рибница
Корапскиот водопад (Пројфелски водопад) — водопад во горниот тек на Длабока Река на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци од топењето на снегот на источната страна на врвот Мал Кораб. Во зависност сезоната и водостојот на изворот, водопадот варира во висина и интензитет.
Горната точка на водопадот се наоѓа на надморска височина од околу 2.050 м, а долната е на надморска висина од околу 1.950 м.
• Карактеристични точки: с.Рибница – Попова Ливада – превој Пралуга- Длабока река
• Должина на патека: 23 км
• Времетраење: еднодневна акција
• Цена за превоз: 600 ден
• Поаѓање: во 5.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
• Пријавување : најкасно до 22.04.2016
Во 13 ч. Е предвидено пристигнување кај водопадот
Акцијата завршува во 19 ч. со пристигнување назад во с. Рибница
Акцијата спаѓа во категоријата многу тешки планинарски тури
Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.
Напомена:
Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.
Информации и пријавување на тел: Зоран Костадинов 070/641-998