Кораб преку Длабока река

Датум на почеток:

09.05.2015

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 05 и 06 септември 2015, ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на Мал и Голем Кораб преку водопадот Длабока река.

Планинарска патека започнува од с. Рибница на 05.09.2015 и оди преку Попова Ливада и превојот Пралуга се до Длабока река. Предвидено е ноќевање во шатори во близина на Длабока река. На 06.09.2015 е предвидено искачување на Мал Кораб а потоа приклучување на групите кои ќе го искачуваат Голем Кораб. Враќањето е од Голем Кораб до караула Победа Стрезимир.

• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада – превој Пралуга- Длабока река – Мал Кораб 2683 мнв –Голем Кораб 2764 мнв – караула Победа 1440 мнв

• Висинска разлика: совладување на надморска височина од 2800 м

• Должина на патека: 32 км

• Времетраење: дводневна акција

• Цена: 1000 ден • Поаѓање: на 05.09.2015 во 7.00 ч, Пошта- Железничка Скопје • Пријавување : најкасно до 03.09.2015

Потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Храна од ранец треба да се обезбеди за два дена.

Контакт: Верче 070/342-787, Зоран 070/641-998

 

Автор

Дејан

Скопје

Македонија