Кобилица и Црн врв

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна отворена акција на пирамидата на Шар Планина наречена Кобилица 2528 метри надморска височина.

Постојат 2 опции за оваа тура.

ОПЦИЈА 1:
– Искачување на Кобилица – средно тешка тура.

ОПИС НА ТУРАТА:
Стартна точка на искачувањето започнува од с.Вејце 1160 м.н.в. Должината на искачувањето е 5,5 км, при што уште на самиот почеток започнува движење по угорнина (се препорачуваат почести паузи). Времетраењето на ова искачување е 2,5-3 часа, и се совладува висинска разлика од 1368 метри.
Крајна цел на искачувањето е врв Кобилица 2528 м.н.в.
Потоа турата продолжва со спуштање од Кобилица и заобиколување на Црн Врв и движење по билото со спуштање кон с.Вејце со вкупна должина од 17км.

Искачувањето на Кобилица е со остар успон и е добар тренинг за сите кои почнаа оваа година да се зацврстуваат.

ОПЦИЈА 2;
– Искачување на Кобилица и Црн Врв – тешка тура

ОПИС НА ТУРАТА:
Оваа опција е доста потешка од првата опција и се препорачува само за планинари со добра кондиција.
Групата која ќе се одлучи за опција бр. 2, откако ќе се искачи на Кобилица, се спушта со малку побрзо темпо и се упатува кон Црн Врв 2585м.н.в. Со ова искачување се совладува висинска разлика од 1810метри, со времетраење околу 5-6 часа (во зависност од кондицијата) и должина од 10,8 км.
На крај двете групи се спојуваат кај карпата на билото (2461 м.н.в) и се упатуваат кон с.Вејце. Вкупната должина на турата е 18,7 км.

ПРЕПОРАКИ::
За да се пријавите на турава потребно е минимум качување на Водно од под 1 час и 20 мин.

Правило бр. 1
Доколку се изгубите и не знаете каде да одите, треба да се чека групата, или пак доколку имате видено маркација пред да сфатите дека не сте на правиот пат, се враќате до маркацијата што сте ја одминале (ова важи за тие што не се во групата или влечат сами напред).

Правило бр. 2
Патот за со кола не е во добра состојба. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
Цената за турата е 400 ден.
Плаќање до сабота до 15:00 часот
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808

Поаѓање од паркингот каj Пошта 2 – Железничка станица 06:00 часот, попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall и автобуската на кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА: :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , очила за сонце.

ИСХРАНА:
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 1,5 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити (вода по патот има)

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија