Караниколичко езеро, врв Караникола и врв Скакало

Датум на почеток:

09.08.2016

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

По повод  Денот на независноста на РМ, 8 септември, ДПС Трансверзалец – Скопје организира еднодневна планинарска акција за искачување на Караниколичко езеро со врвовите Караникола и Скакало.

Караниколичко езеро или Голем Ѓол е првото и најголемо езеро од трите кои го носат името Ѓол на Шар Планина. Тоа е мало глацијално езеро кое се наоѓа на Караниколскиот простор на 2.300 m надморска висина. Од него истекува Караниколската Река.

Планинарската акцијата започнува од селото Вешала (1256 м.н.в) од каде благо се искачува по прекрасните падини на Шара. Живописна планинарска тура на која се поминува низ неверојатните Шарски предели, водопади, камени мостови, понори и други ретки и чудни формации. Турата е во трае…ње од 3-4 часа од с.Вешала до Караниколичко езеро. За враќање се потребни 2 часа. Се совладуваат 1000 метри надморска височина.

За планинарите кои сакаат поголем предизвик , од Караниколичко Езеро ќе се искачуваат врвовите Караникола (2409 м.н.в.) и Скакало (2.494 м.н.в) како и Скакаличко Езеро (2340мнв) кое се наоѓа во подножјето на истоимениот врв. За наведениот подвиг се потребни дополнителни 2 часа пешачење. За враќање од врвовите до с.Вешала се потребни 3 – 3.5 часа. Се совладуваат околу 1300 метри надморска височина.

Акција од с.Вешала до Караниколичко Езеро ќе опфати 5 часа активно пешачење, и доволно време за уживање околу езерото. Додека акцијата од с.Вешала до врвовите Караникола и Скакало ќе опфати 8 часа пешачење.Од врвовите се простира спектакуларен поглед кон двете Караниколички езера и Лешница.
Акцијата до Караниколичко езеро е средно тешка, потребна е соодветна кондиција, додека акцијата до врвовите е во категорија тешки акции.

Пријавувањето за акциите е задолжително на тел 070/641-998
Рокот за пријавување и уплаќање е најкасно до 07/09/2016. Цената за турата е 450 денари.

Поаѓањето е во 6 ч. од паркингот на Пошта – Железничка станица Скопје, враќањето е во вечерните часови. Превозот е организиран со комбиња од Скопје. Попатно застанување на автобусот по автобуските станиц на ул.Партизански одреди на Градежен факултет – Симпо – Хотел Карпош – Сити мол- Автобуска станица Пазарче Ѓорче во Ѓ.Петров.

Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, опрема за топло сончево но и за дождливо и ветровито време, планинарски стапчиња, храна за дводневен престој на планина.Вода има на многу места во селото и по патот. Носете со себе 1л вода.

Напомена: Акцијата не е за почетници и планинари со слабо планинарско искуство. Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.

Автор

Дејан

Скопје

Македонија