Наслов

Караниколички езера
Локација: 
Шар Планина
Држава: 
Македонија
Датум: 
Недела, 24 Септември, 2017 - 06:00

Контакт

Име и презиме: 
I love hiking - group Macedonia

Еднодневна планинарска акција организирана на преубавата Шара со Караниколичките езера на 2180мнв и Караниколички врв 2409 мнв и Скарпа 2469мнв.

Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта на овој ивент е дружбата и апсорбирањето на последните летни сончеви зраци во комбинација со чистиот воздух покрај планинското езеро.

ОПИС НА ТУРАТА:
Искачувањето за сите учесници започнува од с.Вешала на 1250 мнв , за тие што ќе сакаат повеќе да лежат покрај езерото турата ќе заврши на 2180 мнв со висинска разлика од 930 метри (Водно и пол) со должина од 12 км во двата правци. ( 6км во правец )

**За оние кои се чувствуваат поентузијастички и нема да сакаат да застанат ќе можат да го качат и врвот Караниколица (2409 мнв), врвот Скарпа (2469мнв) и, ќе имаат 250 мнв и 2км повеќе од другите.
Глетките ќе бидат фантастични за сликање особено од Караниколички врв од каде ќе се гледа цело Косовско Поле и Проклетие, додека во МКД ќе имаме нова перспектива кон Лешница и Голем Турчин . Самата патека е живописна се поминува покрај Караниколската река, покрај понори и камен мост.

Oд селото Вешала после еден час има чешма каде може да се наполни вода, а до чешмата до самите езера се потребни два часа.

Турата е организирана со комбиња и се поминува од кај с.Шипковица по лош пат до с.Вешала. Организторот не презема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со сопствен превоз.

ПРОГРАМА:
- Тргнување од жечезничка станица Скопје во 06:00 часот
- Пристигнување во с.Вешала 1250
- Искачување до езерата, голем одморр, слободни активности
- Една група останува тука а, другата група се упатува кон врвот Караникола (2409 метри)
- Одмор на врвот и враќање кон езерото
- Собирање и враќање кон превозот.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ:
Цената за турата е 450 ден.
Плаќање до сабота до 15:00 часот
Хари ✆ 077 -743 599
Дејан ✆ 071-212 808
Поаѓање од паркингот каj Пошта 2 - Железничка станица 06:00 часот, попатно застанување на автобуската каj хотел Карпош, CityMall и автобуската на кружниот во Ѓорче Петров и кај општината во Ѓорче Петров.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , очила за сонце.

ИСХРАНА:
-Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 1,5 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити (вода има на 30 мин пред езерата)

НАПОМЕНА :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации истите ќе бидат истакнати на ивентов.

За овој настан сеуште нема пријавено гости.