Јелачки Црн Врв (1890 мнв)

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 18.11.2017(Сабота), ДПС Трансверзалец организира еднодневна акција за искачување на врвот Јелачки Црн Врв.

Јелачки Црн Врв (1890 мнв) се наоѓа на север од Попова Шапка во близина на поранешниот планинарски дом Јелак.

Патеката е со должина од 5 км и се одвива од планинарскиот дом Смрека преку бандерите до сртот од 2000 мнв кои водат до разрушениот планинарски дом Јелак се до Јелачки Црн Врв. Патеката е лесна и се движи во живописен предел од пасишта и иглолисен шумски појас се до врвот кој е поставен на карактеристичен гребен. Искачувањето пред врвот е специфично се одвива по сртот на гребенот, едната страна на врвот е карпа додека другата е со стрмни пасишта, во овој дел е потребно внимателно движење. Од врвот се отвора прекрасен поглед кон средишниот дел од Шар планина Патеката е добро маркирана и прегледна.

Вкупно времетраење на акцијата е 4 часа.

Постои можност за ноќевање планинарскиот дом Смрека вечерта на 18.11.2017. Цена за ноќевање е 350 ден со греење.

Маршрута: Планинарски дом Смрека (1800 мнв) – Планинарски дом Јелак (1840мнв) – Видиковец на Јелачки Црн Врв (1775 мнв) – Јелачки Црн Врв (1890 мнв) – назад по истата патека до Планинарски дом Смрека (1800 мнв).

Поаѓање во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица- Скопје), цена за превоз 400 ден. Карти за акцијата може да се набават во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јосифовски Питу секој ден од 10 до 21ч.

Исхраната е од ранец, потребно е да носите е 1л вода. На патеката има извор со вода кај планинарскиот дом Јелак.

Акцијата спаѓа во категорија: Средно лесна акција.

НАПОМЕНА:

– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторите и водичите, во спротивно сам е одговорен занесаканите последици.
– Наведената планинарска акција е организирана и движењето се одвива во група предводена од организаторите и водичите.
– Организаторите и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и/или не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник во групата може да биде исклучен поради недолично однесување.
– Организаторите и водичите ги задржуваат правото на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување според временската прогноза.
– Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија