Изложба на фотографии „Во допир со Македонија“
Датум на почеток:
04.11.2018
Време на почеток:
18:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Конечно дојде време нашиот проект „Викиекспедиции” да добие своја изложба на фотографии, надополнета со постери на кои ќе бидат прикажани нашите успеси од тригодишното талкање низ Македонија.
Огромно ќе биде задоволството да одвоите дел од вашето време и да ја посетите нашата изложба, на која ќе може да видите фотографии од нашите понекогаш целосно заборавени села, а со помош на QR-кодовите да дознаете од каде потекнува таа фотографија. Поканата е отворена за секого што сака да нурне во убавините на нашата Македонија.
Изложбата започнува во 20:00 часот во среда (11 април), кога ќе има официјално отворање, како и краток осврт од членовите вклучени во овие експедиции, кои низ трите години беа различни.
Ќе биде поставена во Јавна соба (Public Room) од 11 април (официјалното отворање) до 15 април.
Повелете посетете го официјалното отворање или пак поминете во текот на наредните денови.