Искачување на врвовите Безбог и Џангал, Пирин

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК “Македон” организира дводневна планинарска акција на врвовите Безбог и Џангал во Р. Бугарија.

Пирин е планина во југозападна Бугарија, со највисок врв Вихрен (2.914 мнв.). На Пирин се наоѓаат околу 186 планински езера.

Програма:
17.06. Сабота

Се тргнува во 5:00 ч. со комбе од паркингот пред поштата кај железничката станица во Скопје.
Поминуваме покрај Банско и за околу 10 км. доаѓаме до малото гратче, Добриниште. Се упатуваме кон ски центрите и комбето застанува на местото каде треба со жичара да стигнеме до домот Безбог на 2.240 мнв. Возењето со жичара трае 25 мин. Домот е голем, модерен, а веднаш до самиот дом се наоѓа убаво езеро. По краткото сместување се упатуваме кон првиот предвиден врв за тој ден, Безбог.

Безбог е висок 2.645 мнв. и претставува гранитен врв. Поминуваме крај самото езеро и благо се качуваме нагоре. Патеката е тесна на некои делови, а последниот дел од искачувањето е каменест и бара малку поголема внимателност. Целото искачување до врвот е околу 1:30 часа. По задолжителниот одмор и фотографирањето, се упатуваме кон домот. Следуваат слободни активности и одмор.

18.06. Недела

Тргнуваме во 7:00 ч. кон вториот врв, Џангал (2.730 мнв.). Патеката поминува крај Попово Езеро, кое е и најдлабоко на Пирин, со 29.5 м. Патеката во последните делови од врвот е каменеста. Врвот нуди атрактивни погледи на околните врвови и езера. Од домот до врвот се пристигнува за околу 2:30 часа. Се враќаме кон домот.

Го напуштаме домот Безбог во 15 часот и повторно со жичара се спуштаме до местото предвидено за комбето.
Доколку има заеднички интерес, одиме во Добриниште во некоја добра меана. Потоа, тргнуваме за Скопје.

Напомена: Во домот Безбог има храна и пијалоци по пристојни цени.

Врвовите се средно тешки за искачувања и потребна е солидна кондиција и искуство.

Задолжителна опрема: Удобни кондури за овој период од годината, тенки и подебели ракавици, топла капа, јакна за заштита од ветер и полар, капа за сонце и планинарски стапчиња.

Цена: 2.700 ден.

Во цената е вклучено: комбе, жичара во двата правци, сместување една ноќ во дом и двајца искусни водичи за во планина.

Организатор: Петар (075/322-059)

Пријавување најкасно до четврток (15.06) кај организаторот на посочениот телефон, со можност за капар или целосен износ.

ПК “Македон” не презема одговорност доколку некој своеволно тргне кон врвовите, не ја почитува програмата и водичите и некој непредвидено се повреди за целото предвидено време.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија