Искачување на врв Руен 2252 м.н.в.

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПК Македон организира

Отворена еднодневна акција на Осоговска планина со искачување на врвот Руен 2252 мнв.

Превозот е организиран со комбиња од Скопје до рудникот Тораница (Крива паланка). Турата е лесна до средно тешка и во траење во просек од 3 часа во правец. Во зависност од бројот на пријавените превозот ќе биде со едно или две комбиња.

Поаѓањето е во 6ч од паркингот на Веро тафталиџе, а враќањето е во попладневните/вечерните часови.

Цената на турата е 400 денари.

Пријавувањето е на e-mail или телефон најкасно до петок на [email protected] или 072 24 39 39.

Секоја промена или откажување на учеството на турата да се пријави кај организаторот.

Турата е отворена и за членови на други планинарски друштва или ентузијасти и планинари кои не се членови на планинарско друштво.

Задолжително да се понесе лесна храна/овошје. Од опрема да се понесат солидни планинарски обувки и јакна/кабаница поради можност за дожд (иако прогнозата е дека ќе има сончево време).

* * *

За подобра евиденција на групата ве молиме да го потврдите вашето присуство преку овој настан САМО доколку навистина имате намера да присуствувате на турата.

Организаторот го задржува правото да ја откаже турата доклку нема доволно пријавени или има временска непогода.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија