Искачување на врв Мусала

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

03:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Во организација на ПК “Македон” се организира планинарска акција на МУСАЛА, кој е највисокиот врв во Бугарија, со височина од 2.925 м.н.в.
Се наоѓа на планината Рила и е највисок на Балканскиот Полуостров. Во близина е на зимскиот центар Боровец и на 80 км. од Софија.

Програма:
Тргнувањето е во сабота (29.10.) во 05:00 ч. од пред паркингот на поштата на железничката станица во Скопје со комбе. По пристигнувањето во Боровец околу 9 ч., веднаш се упатуваме кон домот “Ледено Езеро” на 2.740 м.н.в. (https://opoznai.bg/view/zaslon-ledenoto-ezero).
Планинарењето до домот трае околу 6 часа. Патеката е каменеста, обележена и широка на моменти. Пожелно е да земете вода. По пристигнувањето во домот, се предвидува одмор и дружење.
Напомена: Во домот има затоплување и вода, WC e надвор, во непосредна близина на домот. Спиењето е во таванскиот дел, каде има една групна, голема кружна соба. Јадење во домот НЕМА, постелнина има во домот.
Недела: во 07:00 ч. се предвидува тргнување кон врвот Мусала. Потребно време за искачување до врвот Мусала е околу 1:30 ч. во зависност од физичката кондиција. По пристигнувањето, се предвидува подолг одмор со ужина и фотографирање и потоа, ќе следи директно враќање назад до Боровец. Доколку дозволува врмето, ќе следи прошетка низ гратчето и заеднички ручек со групата, во некоја добра механа:-))

Потребна опрема: Удобни кондури за во есенски услови или за блага зима, планинарски штеки, топла јакна која штити од ветер, капа, ракавици потопли, полар, неколку пара чорапи.
Напомена: Од домот Ледено Езеро до врвот Мусала, можно е да има неколку сантиметри снег. Ќе биде потребна поголема претпазливост од сите во групата.

Цената е 2.300 ден. (рокот за пријавување е најдоцна до среда 26.10) со плаќање на котизација од 1.200 ден или на целосната сума.

Пријавување кај Петар на тел.075/322-059

Планинарската акција ќе биде спроведена од двајца лиценцирани водичи од Клубот.

Потребна е СРЕДНА физичка подготвеност, со можност за повеќечасовно пешачење!

Клубот и организаторот не сносат никаква одговорност, доколку некој се одвои од групата самоволно, изврши своеволна промена од предвидената програма или од било каква физичка повреда. Секој е на своја одговорност!

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија