Голем Кораб преку Длабока Река
Датум на почеток:
09.03.2016
Време на почеток:
05:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Кораб е планина во Македонија, на границата со Албанија. На неа се наоѓа највисоката точка (врв) во земјата – Голем Кораб кој е висок 2764 метри надморска височина. Кораб е планинска верига која се протега на правец југ-север. Поради уникатните природни карактеристики делот на планината кој влегува во границите на Македонија, во 1952 година е признаен како дел од националниот парк „Маврово”.
По повод 8 септември денот на независноста на РМ, се организира Традиционалното меѓународно искачување на Голем Кораб која оваа година е закажано за 04 Септември 2016.
На 03 и 04 септември 2016, ДПС Трансверзалец – Скопје организира искачување на Мал и Голем Кораб преку водопадот Длабока река. Планинарска патека започн…ува од с. Рибница на 03.09.2016 и оди преку Попова Ливада и превојот Пралуга се до водопадот на Длабока река. Предвидено е ноќевање во шатори во близина на Длабока река. На 04.09.2016 е предвидено искачување на Мал Кораб а потоа приклучување на групите кои ќе го искачуваат Голем Кораб во традиционалната акција. Враќањето е од Голем Кораб до караула Победа Стрезимир.
• Карактеристични точки: с.Рибница 1000 мнв – Попова Ливада 1450мнв – превој Пралуга 1700мнв – Видиковец (премин под врв Рибничка Скала) 2000мнв – Длабока река 1950мнв – Мал Кораб 2683 мнв –Голем Кораб 2764 мнв – караула Победа 1440 мнв • Висинска разлика: совладување на надморска височина од 2800 м
• Должина на патека: 32 км
• Времетраење: дводневна акција
• Цена: 1100 ден
• Поаѓање: на 03.09.2016 во 7.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
• Пријавување : најкасно до 01.09.2016
Акцијата спаѓа во категоријата тешки планинарски тури Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, опрема за топло сончево но и за дождливо и ветровито време, планинарски стапчиња, храна за дводневен престој на планина, течности најмалку 1 л. попатно има извори-чешми на кои може да се дополни вода.
Локации за полнење вода: с.Рибница, извор и чешма помеѓу Попова Ливада и превој Пралуга, Корапскиот водопад. Овие локации се поминуваат во текот на првиот ден. Во текот на вториот ден локации за полнење вода нема затоа е потребно да се набави залиха на вода во првиот ден.
Напомена: Акцијата не е за почетници и планинари со слабо планинарско искуство. Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.
Контакт: Верче 070/342-787, Зоран 070/641-998