Есенско печење на огромната тепсија наречена Караниколичко езеро

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Еднодневна планианрска акција организирана на преуавата Шара со Караниколичките езера 2180мнв и Караниколички врв 2454 мнв .
Турата е за сите видови на планинари од почетници до сите кои искачиле по некој врв оваа сезона. Целта е дружбата и апсорбирањето на есенското сонце со чист воздух покрај планинско езеро . Бесценето .

Искачувањето започнува од с.Вешала 1250 мнв за сите учесници , за тие што ќе сакаат повеќе да лежат покрај езерто ќе заврши на 2180 мнв со висинска разлика од 930 метри (водно ипол) со должина од 12 км во двата правци.
Oд селото Вешала после еден час има чешма каде може да се наполни вода а до самите езера се потребни два часа.

За поентузијастите кој нема да сакаат да застанат ќе можат да го качат врвот Караниколица кој по џпс измерен е 2454 мнв . Они ќе имаат 250 мнв и 2км повеќе од другите.
Глетките ќе бидат фантастични за сликање поготово од Караниколички врв ќе се гледа цело Косовско Поле и Проклетие, додека во МКД ќе имаме нов поглед кон Лешница и Голем Турчин .
Времето е и повеќе од задоволително , само дека е есен задолжително е носење на капа ракавици и топли јакни.

Турата е организирана со комбиња и се проаѓа од кај с.Шипковица по не добар пат за до с.Вешала. Организторот не превзема никаква одговорност за тие што планираат да дојдат со коли.
Цената за комбето со шофер, медицинска нега и водич е 350 ден.

Плаќање до сабота до 17:00 кај Алех 389 070 382 751 кај Католичка црква и кај Дејан 389 071 212 808 .

Поаѓање од Пошта 2 на Железничка станица во 06:00 часот

Потребна облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , очила за сонце.

Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен , електролити , пиво, ракија.

Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.
П.С. Доколку има нови информации тие ќе бидат истакнати на евентов.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија