Две Планини Две Убавини
Датум на почеток:
27.02.2020
Време на почеток:
15:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Планина Витоша врв Черни Врах 2292мнв
Планина Рила врв Мусала 2925мнв ( највисокиот врв на балканот )
+ посета на Декатлон во Софија
+бања во Сапарево ( опција )
Тимот на I love Hiking – group Macedonia организира повеќе дневна планинарска акција со дружење и посета на овие 2 планини , искачување на врвови и уживање во природа. Цената за овој аранжман од 2 спиења и превоз изнесува 50 евра . Максимум 20 учесници.
Тргнување во Петок 16 Октомври од Скопје пошта 2 кај Железничка станица од 17-18 часот. Пристигнување со комбе до планинарски дом Алеко кој е на 1820мнв
Сместување, вечера и дружба.
Ден втор Сабота 17 Октомври . Од Алеко идеме до Черни Врах 2292мнв со искачување од 472м во дожина од 5 км …
Дента ќе отидеме до Ушите, Голем Резен, Морените.
Потоа предвиден е Декатлон во траење од 4 саати.
И на крај се упатуваме до Боровец од каде идеме до хижа Мусала, ноќно искачување од 8км. Со висинска разлика од 900мнв. Сместување и вечера.Патот воопшто не е напорен.
Ден Недела.. Идеме до врвот Мусала 2925мнв во должина од 3км со искачување од 425метри. Ужување низ пет-те Мусленски Езера. Симињање до Боровец и во зависност од расположението идеме до СапареваБања или назад во Скопје.
Ранците со нас што ќе ги носиме треба да бидат доста лесни, за остатокот од стварите ќе го служиме комбето како остава.
Потребна Облека :
Разгазени планинарски чевли , планинарски стапчиња , капа, ракавици , топла јакна , наочари за сонце.
Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 2 л. суво овошје, сендвичи, жен шен, електролити .
Пријавување:
Пријавете се порано за подобра Организација. Пријавување кај Алех +389 70 382 751 и Дејан +389 71 212 808 .. пријавување и плаќање најдоцна до среда 14 Oктомви.
Напомена :
Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.