Дуфски Водопад и Врв Крчин 2.373 мнв

Датум на почеток:

05.08.2016

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 08.05.2016 (недела) ДПС Трансверзалец организира планинарска акција за искачување до Дуфски Водопад и врвот Крчин (2.373 мнв)

Во долината на реката Радика, во реканскиот крај, во подножјето на планината Дешат, во националниот парк Маврово, е сместено планинското село Ростуше, во чија непосредна близина се наоѓа природната реткост и убавина – водопадот Дуф.

До Дуфскио водопад се стигнува многу лесно, по пешачка патека, за време од 30 минути од селото Ростуше. Можност за рекреативна патека само до Дуфски Водопад.

• Карактеристични точки: с.Ростуше – Дуфски Водопад – с. Битуше – врв Крчин

• Времетраење: еднодневна акција со искачување од 4 часа во еден правец и вракање 3 часа

• Цена: за превоз 600 ден, за влез на Дуфски Водопад 50 ден и влез национален пар Маврово 30 ден. Доколку учесници се приклучуваат со сопствен превоз за организација треба да уплатат 100ден.

• Поаѓање: во 6.00 ч, Пошта- Железничка Скопје

• Пријавување : најкасно до 06.05.2016

Акцијата за искачување на врвот Крчин спаѓа во категоријата планинарски тури со средна тежин, додека акцијата само до Дуфски водопад е лесна рекреативна патека.

Потребна опрема: планинарски кондури со тврд ѓон, облека според најавата за временската прогноза, планинарски стапчиња, храна за целодневен престој на планина, течности најмалку 1 л. – 2л.

Напомена:
Секој учесник зема учество на сопствена одговорност, и одговара за својата психофизичка подготвеност.

Информации и пријавување на тел: Зоран Костадинов 070/641-998

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија