Државно Првенство во Планинарска Ориентација

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Државно Првенство во Планинарска Ориентација претставува организиран натпревар во кој треба да се истакнат достигнувањата, знаењата и вештинте за брза и успешена Ориентација, движење и снаоѓање во просторот на непознат ридест или планинаски терен, преку употреба на топографска карта и компас од страна на натпреварувачите.

Државното Првенство во Планинарска Ориентација ќе се одржи на 28.05.2016 и ќе биде во организација на ДПС Трансверзалец- Скопје, поддржано од Федерација на Планинарски Спортови на Македонија (FPSM). Во Првенството учество можат да земат екипи од сите планинарски клубови, извидничи одреди и ориентациони клубови од Република Македонија кои треба да се пријават до 20.04.2016 год.

Информации и пријавување:
Душко 070/317 – 740
ФПСМ Данче 02/3165 – 540, 070/350 -342

За време на натпреварувањето забрането е користење на ГПС уреди и системи.

1.Натпреварувачки тимови
a) Натпреварувачките тимови треба да бидат членови на планинарски клубови, извидничи и ориентациони клубови. Секој натпреварувачки тим има 3 члена
b) Секој тим е обврзан, за време на натпреварувањето да има ранец, прва помош комплет, валиден документ за планинарско членство, прибор и опрема за решавање на задачите. Ако организаторорот подготви натпревар со разделување на членовите од секој тим, секој член од тимот треба да ги има сите наведени предмети.
c) Сите членови од натпреварувачкиот тим мора да бидат членови од иста национална федерација
d) ТРОШОЦИ за секој тим :
-два пансиони во пл.дом Смрека на сметка на ФПСМ ,
-превоз до Попова Шапка и назад на сметка на тимовите
e) Сите членови на секој натпреварувачки тим припаѓаат на иста возрасна и полова категорија
f) Секој клуб може да биде претставуван од максимум 2 тима/категорија и при евалуација на резултатите ќе биде земен во предвид тимот со подобар резултат

2. Натпреварувачки категории
Категорија Година раѓање Години

Пионери (м/ж) 2001 до 2003 До 15 год
Јуниори (м/ж) 1995 до 2000 Помеѓу 16 и 21
Сениори (м/ж) 1971 до 1994 Помеѓу 22 и 45
Ветерани (м/ж) 1948 до 1970 Над 46

3.Натпреварувачкa Жири комисија
Жирито се состои од 5 члена кои се избираат пред старт.
Жирито ги решава сите забелешки пред да ги донесе во пишана форма

4. Натпреварувачка Мапа
За Државното Првенство во Планинарска Ориентација ќе бидат користени мапи размер 1: 25.000 со еквидистанца од 10 м.

5.Контролни точки
Контролни точки (CP) мора да бидат означени со црвено/бело, тространи призми (30 cm x 30 cm) на кои има закачено перфоратор или станица од SI системот. Видливоста на точките од теоретски очекувана далечина треба да бидат помеѓу 20 и 50 м.

6.Должина на патеки
Пионери (F) ………………………………………………до 3км воздушна линија
Пионери (М) ……………………………………………..до 4км воздушна линија
Јуниори (F)………………………………………………..од 5 до 8 км воздушна линија
Јуниори (М)………………………………………………од 6 до 8 км воздушна линија
Сениори (F)………………………………….. од 9 до 12 км воздушна линија
Сениори(М)……………………………………………… од 10 до 12 км воздушна линија
Ветерани (F)………………………………………………од 5 до 8 км воздушна линија
Ветерани(М)………………………………………………од 6 до 9 км воздушна линија

7.Старт
Натпреварувачките тимови стартуваат во временска разлика од 5 до 10 мин.
Два натпреварувачки тима од ист клуб/одред неможе да стартуваат едно по друго. Редоследот на стартот на тимовите ќе биде одреден преку влечење на стартни броеви.

8. Задачи на натпреварувачите
Задачите на натпреварувачите можат да бидат алтернативни:
• Неколку КТ може да бидат нацртани на мапата, а за некои недефинирани КТ, задачата ќе се добијат на Контролна точка (CP)
• Задачата може да биде зададена надвор од мапата
• Задачите се решаваат и Контролните точки се детерминираат според стандардните методи во топографијата (пресек на координатите, напречен пресек на 2 азимути. Напречен пресек на азимут и координати) за еден дел од патеки

Во задачите е вклучено:
-Тест за прва помош
-планинарство
-планинарски вештини
Тестот се содржи од 3 прашања за секоја дисциплина.
Пионерите не треба да решаваат тестови.

9. Локација на натпреварот
– Попова Шапка, 22км од Тетово по асвалтен пат.

10. Датум на одржување на натпреварот
– 27.05.2016 состанок и влечење стартни броеви во 20,оо часот
Планинарски дом СМРЕКА
– 28.05.2016 старт во 10,оо часот
– 29.05.2016 старт во 6,оо часот

Овој натпревар е изборен за учество на Балканскиот шампионат во екипно, кој ќе се одржи во Словенија 1 и 2 Октомври 2016год.

На Балканскиот шампионат ќе учествуваат првопласираните тимови од Државниот натпревар во планинарска ориентација – екипно.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија