Долго очекуваната Кобилица 2528 мнв – заедно со Црн Врв 2585 мнв

Датум на почеток:

07.12.2015

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Врв Кобилица 2528 мнв и Црн Врв 2585 мнв

Еднодневна планинарска акција со организиран превоз од 05:30 часот пред Пошта 2 кај Железничка Станица .

Во 06:50 oчекуваме пристигнување во село Вејце на 1165 мнв . Се искачува Кобилица -1363 мнв потоа до Црн Врв – се спушта 400 мнв па пак се качувa 460 мнв . Вкупно искачување има 1823 мнв. Што значи одење од преку 7 саати. Патеката е од село Вејце до Кобилица потоа до Црн Врв и назад во село Вејце во должина од 17 км. Патеката е тешка и бара поголема доза на психофизичка подготвеност .

Потребна Опрема :
Облека за заштита од сонце , Наочари за сонце со УВ заштита , Капа , Марама , Креми за сонце , Планинарски стапчиња.

Исхрана :
Секој сам си носи исхрана од ранец , Вода 1,5 л. суво овошје , жен шен енергетски тоник, магнезиум.

п.с. Идеме со организарн превоз бидејќи селото го бие глас дека можно е ако идеме со коли истите да бидат искршени итн . Така да ако некој иде со кола тоа е на негова одговорност. Организаторот се одградува од било каква штета нанесена на некое од возилата на учесниците во акцијата. Цената за превоз со шофер е 400 ден по особа.

Местата се ограничени на едно комбе од 17 луѓе. Пријавување и плаќање кај Алехандар Богдановски 070 382 751 и кај Дејан Доневски 071 212 808 . Плаќањето е до Петок !!!

Напомена :

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици, наведените планинарски акции се организирани и движењето ке се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.

Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Организација :
I Love Hikign – Group Macedonia

Водич:
Дејан Доневски
Помошник Водич
Алех .

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија