Добра Вода, Челоица

Датум на почеток:

09.02.2017

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 02.09.2017 (сабота) во рамки на Планинарски предизвик „12 Врвови”, Планинарско Друштво Трансверзалец организира повторно искачување на врвот Добра Вода на планината Челoица. Акцијата е дел од проектот Планинарски предизвик “12 Врвови” кој беше осми врв за искачување во рамки на проектот.

Се качуваме над 2000 метри, овој пат на врвот Добра Вода висок 2062 метри надморска височина на планината Челоица која заедно со Песјак се дел од истоимениот масив Добра Вода, кој ги разделува Кичевијата, Порече и Горни Полог, а нуди извонредна глетка на цела Шар Планина, Солунска Глава на Мокра со Караџица и Даутица, како и врвовите кои веќе ги искачивме.

И овој пат искачуваме „трансферзално” поаѓајќи од село Папрадиште (Папрадник) во општина Кичево, а завршувајќи во село Падалиште во општина Гостивар. Цена на превоз 600 денари (100 денари одат за организацијата на предизвикот). Се молат сите останати учесници и посетители кои ќе одат со сопствен превоз, да уплатат учество во акцијата од 100 денари, кои ќе се искористат за: изработување на значките и обезбедување на наградите за предизвикот „12 Врвови”, организирање голема 2 дневна забава на крајот на предизвикот, печатење маици, бележење и маркирање на планинарските патеки по кои ги искачуваме врвовите.

Почетна точка: с. Папрадиште (Папрадник) – Кичевско, 08:00 h
Завршна точка: с.Железна Река – Гостиварско
Должина на патеката: 18 км
Вкупно времетраење: 7 часа (2 часа искачување и 5 часа слегување)
Тежина на акцијата: средна
Поаѓање од Скопје: 05:30 h од паркингот на Пошта 2 (Железничка/Транспортен Центар) со можност за качување по Партизанска на: Градежен, Симпо, Хотел Карпош, City Mall, Влае, пекара Цујо – Ѓорче Петров.
Лице за контакт: Зоран Костадинов – 070 641 998.

Се замолуваат сите оние пријавени предизвикувачи на кои ова ќе им биде 3 освојување на врв од предизвикот, да се пријават за да добијат маица со логото на предизвикот, која следува како награда за 3 искачени врвови.

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

Пријавување и набавка на карти за превоз : најкасно 31.08.2017 во продавницата пред студенсткиот дом Кузман Јософовски Питу секој ден од 10 до 21ч., на редовен состанок на друштвото секој Четврток од 20 до 21.30ч. и во Книжара на Студентски Збор од 09.00 до 19.00 ч. Контакт телефон 071/591- 260

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија