Црн Врв 2595 мнв и Кобилица 2528 мнв

Датум на почеток:

07.03.2016

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 03.07.2016 (недела) ДПС Трансверзалец Скопје организира искачување на Црн Врв 2595 мнв и Кобилица 2528 мнв на Шар Планина.

Карактеристични точки: с. Вејце 1065 мнв – Црн Врв 2595 мнв – Кобилица 2528 мнв

• Времетраење: вкупно времетраење на целата акција е 8 – 9 часа
• Карактеристики: планинарска патека која води низ пасишта Вода има на почетокот од патеката и на бачилата каде што поминува патеката. Искачување на два карактеристични врва Црн Врв и Кобилица во ист ден. Спаѓа во тешки тури.

Стартот е од селото Вејце. Црн Врв е најдалечниот врв од кој Шар Планина го прекршува правецот на движење, од североисток кон југозапад. Потоа следи и искачување на Врвот Кобилица движењето е по срт. Атрактивноста на овој врв ја прави неговата доминантност, тежината и прекрасниот поглед од самиот врв. Кога сте на врвот Кобилица вие сте на средина на Шар Планина.

Акцијата ќе овозможи средба и дружење со планинарите кои на истиот ден ќе поминуваат на наведените врвови по трасата на Западната Македонска Трансверзала.

Поаѓање: 06:00 од паркингот пред Поштата на Железничка станица – Скопје со организиран превоз;

Напомена:

Учесниците задолжително треба да се водат спрема инструкциите на водачите. Не е дозволено отстапување од програмата без дозвола од организаторот. За искачувањето потребна е соодветна психофизичка подготвеност на учесниците. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото на измени во програмата во зависност со условите на теренот.

Исхараната е од ранец. Вода треба да се носи задолжително најмалку 1.5л. Учесниците треба да поседуваат планинарска опрема за искачување согласно временската прогноза, разгазени планинарски чевли.

Акцијата ке се одржат доколку има најмалку 10 пријавени учесници.

Превозот е организиран со комбиња од Скопје.

Цена за превоз: 400 денари
Информации – Зоран Костадинов 070/641-998
Пријави и уплати најдоцна до 01.07.2016 год до 22 ч.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија