Четврти традиционален марш низ АЗОТ (Фотографска тура)

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Планинарскиот дом Папрадиште (ЕГ Грин Пауер) со своите пријатели организираат еднодневно/ дводневно рекреативно дружење на 21 и 22 април (сабота и недела) од Богомила до Папрадиште преку селата Капиново и Нежилово . Ова е една од визуелно најубавите патеки и предел кој озвозможува од друг агол да ги погледнеме Солунска Глава, Даутица, Сватови, Папрадиште, Чеплес, Нежилово, Капиново, Црешнево, Бистрица, Теово и Богомила. Оваа страна на АЗОТ е ретко одена, полна е со карпести видиковци и претставува една од најатрактивните и најподатливи за рекреативно планинарење и за почетен развој на фотографска кариера.

ВАЖНИ ДЕТАЛИ :
Собирање на групата и тргнување е во сабота(21 април) во 9.00 часот предпладне од железничка станица Богомила. Во 10.15 часот прва пауза над село Капиново, а околу 12 часот пауза за чај/кафе/појадок во Нежилово. Пристигнување во планинарскиот дом во Папрадиште најдоцна околу 15 часот.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ :Патеката е средно лесна, вкупната должина е околу 15 км и околу шест часови одење. Почетна надморска височина 500 метри(Богомила), највисока точка „Капиновски преслап„ од 1.100 метри, Нежилово на 700 метри и крајна дестинација Папрадиште на 1000 м.н.в.
Вкупна елевација на патеката е над 800 метри.
За сите ПРИЈАВЕНИ учесници обезбедено е ноќевање во планинарскиот дом во Папрадиште со ручек(вечера),+појадок + аперитив за цена од 400 денари.
Во недела предпладне за сите заинтересирани гости нудиме(по желба) уште една кратка тура од Папрадиште до Куртовица(2 часови) или стационирано уживање и инхалирање на моќните медитеранските аеросоли кои допираат од Егејско море до овој мијачки остров.
Учесниците кои имаат потреба истиот ден(сабота) да се вратат, возот кон Велес и Скопје тргнува од Богомила во 20.00 часот, а возот кон Прилеп и Битола тргнува во 22.11 мин од Богомила.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПРИЈАВУВАЊЕ на тел. 075 361 877(Игор), 070 989 743(Виктор) и 078 384 264(Антонио)
Поради ограничените сместувачки капацитети, Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до четврток (19 април) 2018 година.

ВАЖНА НАПОМЕНА : Секој учесник доаѓа на сопствена одговорност, треба да има минимум добра физичка подготвеност за пешачење по ридско-планински терен, да ги почитува правилата за движење во група и да ги следи инструкциите на водичите. Особено внимание секој учесник да обрати на отпадоците кои ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да си ги носи со себе во ранец. Секој учесник на турата може да биде отстранет од групата, поради недисциплина или непочитување на правилата и препораките на организаторот.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на високи обувки, вода(2 литри), храна и повеќеслоеста облека(кабаница, ветроотпорна јакна). Реонот на кој се наоѓа патеката е исклучително богат со поточиња, извори и пружа неверојатна и грандиозна глетка кон сите четири страни на АЗОТ.
НАПОМЕНА : Во зависност од временските услови и од лична проценка на водичите и организаторот, термините и активностите во настанот може по потреба да бидат променети , а настанот одложен или откажан.
ВРАЌАЊЕТО назад за оние кои ќе ноќеваат е во недела 22 април).
ПОРАДИ добрата поврзаност на Битола, Прилеп, Скопје и Велес со Богомила, препорачуваме користење на воз, но добредојдени се сите со останатите видови превозни средства.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија