Церипашина Вертикал 2017

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

09:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Овој февруари тимот на TREX и ПСД Макпетрол во соработка со Шар Планина, во својот организациски репертоар го враќаат зимскиот вертикален километар на Церипашина. Дали сте спремни за еден од најекстремните скајранинг формати на натпреварување кој ќе се одржи во зимско диригирање на прекрасната Шара.

Less cloud, more sky… And snow 🙂

Што е ВЕРТИКАЛЕН КИЛОМЕТАР?

Според Интернационалната Скајранинг Федерација – http://www.skyrunning.com/rules/, трките кои потпаѓаат во форматот Вертикален Километар се оние кои имаат 1000 метри висинско качување (Д+) преку разнолик терен и нагиб, а во исто време не надминуваат должина од над 5 километри.

Што е ЦЕРИПАШИНА ВЕРТИКАЛ?

Церипашина Вертикал Километар претставува зимска варијанта на трка од овој формат која се одвива во специфични и тешки надворешни услови и висока просечна надморска висина. Истата бара потполна психофизичка припрема како и поседување на основна задолжителна опрема од сите оние кои сакаат да се пријават.

Датум – 19.02.2017 (НАПОМЕНА – доколку временските услови се лоши, можно е преместување на трката за наредниот викенд на 25.02.2017 – Временската прогноза ќе биде следена и одлука ќе се направи во текот на неделата пред трката)

Програма:
09:00 – Делење на стартни броеви – пред скилифт Тетекс – Попова Шапка 1650 м.н.в
10:00 – Старт на трката од истата локација
Контролна точка 1 – Заслон Церипашина
12:30 Финиш – Син Врв – 2540 м.н.в (временски лимит 2h 30min)
14:00 Прогласување на победници во планинарски дом Смрека

Пријавување – http://trex.mk/cerepashina2017
Котизација 100 денари – на лице место –

Спецификации:

Должина : 4500 m
Висинска разлика : 1000 m
Просечен нагиб : 24 %
Макс. Нагиб : 50 %

Задолжителна опрема: (ќе биде извршена проверка при доделување на стартни броеви)
Ракавици и капа/бандана
Јакна/шушкавец
Крампони или дерези
Астрофолија

Препорачана опрема:
Штеки
0,5 Л течност
Малку храна
Гамашни

Нешто повеќе за изданието во 2015 година прочитајте и погледнете тука – https://karas4training.com/mk/training/sports/ceripashina-vertikal-2015

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија