Церипашина 2.531мнв, Шар Планина

Датум на почеток:

01.02.2017

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ според програмата за акции во 2017 год. како прва акција во новата година предвидува искачување на врвот Церипашина на Шар Планина.
Акцијата ќе се одржи на 02 Јануари 2017 год.

Искачувањето до врвот Церипашина (2.531мнв) е предвидено да започне од планинарскиот дом „Смрека” (1.800мнв) на Попова Шапка. Од тука до врвот се пешачи 2 до 2.5 часа во еден правец и уште 2 часа се потребни за симнување. Се совладува висинска разлика од 700м.

Патеката спаѓа во категорија Средно напорна копнена акција.

Поаѓање од Скопје во 06:00ч на паркингот кај ПТТ (Железничка станица), цена 400ден. Попатни станици /Градежен фак -Хотел Карпош – Сити мол- Ѓ.Петров/

Секој учесник мора да има соодветна психофизичка подготвеност за искачувањето и учествува на сопствена одговорност.

Сите учесници во акцијата задолжително треба да располагаат со соодветна планинарска опрема за искачување во зимски услови. Исхраната е од ранец.

Пријавување и уплати најдоцна до 30.12.2016 год. Карти може да се набават во продавницата пред Судентскио дом Кузман Јосифовски Питу.
Контакт Зоран Костадинов 070/ 641 – 998

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија