Биг Дорук 2268 мнв

Датум на почеток:

06.12.2016

Време на почеток:

04:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Ајде сите на Стогово.
Во соработка Allga San ве водиме на една малку подруга труа. Стогово со врвот првенец Биг Дорок 2268 мнв.
Подруга зашто – затоа што самата планина е не истражена, нема утабани патеки, нема маркации, целосно сте со мајката природа.

Подруга затоа што имаме лотарија со 20тина награди , кој со влечење ќе ги доделиме, имаме обучен масажер кој со природните препарати на Allga San ќе нуди бесплатна масажа.

На крајот на турата ќе се окрепиме со планинарско гравче – салатиче и лепче во ресторанот Маргуле ( Топила ) во с.Гари.
Турата започнува од селото Гари кое е на 1145 м.н.в. проаѓа низ прекрасна стара букова шума над левиот брег на Гарска Река и се доаѓа до единственото место каде може да се наполни питка вода на целата тура. ( 45 мин од с.Гари )
Од излезот до врвот Биг Дорук се иде по младо бран карпест предел – каде се гледаат остатоци од глечерите, за кој зборуваат циркусите на врвовите Биг Дорук, Бабин Срт и Канеш и трите глечерски езера.

Турата е кружна со појдовна и крајна точка село Гари.
Висинската разлика е 1141 метрар – со должина од 21 км и се оди 7-8 часа во 2та правци.

Потполно исто како Титов Врв по вакувска патека. За сите што беа на Титов Врв – ова ќе им биде иста тура. Сите што сакаат да пробаат високи планини со невероватни пејсажи, еве им момент.
Завршувањето е со планинарско гравче обезбедено од нас.
Поаѓање во 06;00 часот кај пошта 2 на Железничка станица на 12 Јуни (Недела), враќањето е предвидено да биде 21;00 часот.

Цената на целиот аранжман е 500 ден.

Сите што сакаат да дојдат со коли ќе мора да платат акотизација за организација и грижа по 100 ден од човек.

Пријавување и плаќање до 11-Јуни 15;00 часот или до пополнување на сите места. Кај:

Алех 070/ 382 751
Владимир/Хари 077/ 743 599
Дејан 071/ 212 808

Попатно собирање кај хотел Карпош, City Mall, кружниот тек во Ѓорче Петров.

П.С. Сите што мислат да ги земат своите милениче нека не го прават тоа затоа што има многу бачила по патот по кој ќе идеме.
П.С.П.С Цените од ресторанот се во дискусија …..

ОПРЕМА: ПЛАНИНАРСКИ КОНДУРИ (задолжително) опција- планинарски стапчиња, наочари за сонце, марами – капи , креми за сончање.
ИСХРАНА: од ранец, вода 2 литра.

Напомена:

Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици. Наведените планинарски акции се организирани и движењето ќе се одвива во група предводена од организаторот и водичите. Организаторот и водичите имаат право да исклучат член, пред стартот на планинарската акција, доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
Организаторот и водичите го задржуваат правото за измени на термините и редоследот на наведените планинарски акции, во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија