Беловишки Водопад – прво мајска акција

Датум на почеток:

05.01.2017

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 01 Мај 2017 ДПС Трансверзалец- Скопје организира искачување до живописните Беловишки водопади кои се наоѓаат во подножјето на врвовите Ливадица и Пирибег на Шар Планина.
Планинарска патека започнува од излетничкото место Петачко Водиче (875 м.) над с. Беловиште и води до Беловишки водопад.

o Старт: од с.Беловиште 750м.
o Цел: карпа на Беловишки водопад 1.300м.

o Висинска разлика: совладување на надморска височина од 550 м
o Времетраење: 2.5 часа искачување, 2 часа враќање
o Цена: 350 ден
o Поаѓање: во 7.00 ч, Пошта- Железничка Скопје
o Пријавување : најкасно до 28 Април 2017

Акцијата спаѓа во лесни акции со напомена да се внимава на последниот дел од патеката поради карпестата структура.

На враќање е предвиден ручек и посета на излетничкото место Петочко водиче и прошетка во с.Беловиште. Учесниците во акцијата можат самостојно да направат пикник на излетничкото место кое е уредено со летниковци, маси, вода, мето за скара или пак по сопствен избор да посетата еден од рестораните кои се наоѓаат во излетничкото место.

Превозот ќе биде организиран со комбе или автобус зависно од бројот на учесниците.

Информации, пријавување најдоцна до 28 Април 2017. Карти за превоз може да се набават во продавницата пред студенсткиот дом Куман Јосифовски Питу секој ден од 10 до 21ч. или на редовен состанок во просториите на друштвото.

Контакт: Верче 070/342-787, Зоран 070/641-998

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија