Begovo Pole – Outdoor Party 2017

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Програма за планинарска акција Бегово Поле 2017-та

Петок-23.06.2017
17:00 – Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица (Транспортен центар) до рибник Принц- с.Алдинци
18:30 – Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00 – Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите
20:30 – Заедничка вечера

Сабота-24.06.2017
07:00 – Будење и појадок
08:00 – Поаѓање кон Бегово Поле (Солунска Глава 2540 м.н.в.)
11.30 – Пристигнување на Бегово Поле, по кратката пауза една група се упатува кон Солунска Глава (2540 м.н.в)
12:00 – Почеток на забавата, настап на Fiction
16:00 – Тргнување кон п.дом Караџица
18:00 – Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и попладневен одмор
20:00 – Презентација на фотографии од историско значење за Планинарскиот спортски клуб Драчево, прикажување на краткометражни филмови поврзани со планината.
21:00 – Почеток на заедничка планинарска забава

Недела-25.06.2017
Будење по желба
10:00 – Кратка локална прошетка (Жаба-Река-Римска населба-дом Караџица)
15:00 – Поаѓање од п.дом Караџица кон рибник Принц
16:30 – Поаѓање од рибник Принц со организиран превоз кон Скопје
18:00 – Пристигнување во Скопје( Железничка станица-Транспортен Центар)

НАПОМЕНИ:

– Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево “Филип Чакаров” .
– Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
– Од организаторот ќе бидат обезбедени 3 оброци. Вечера во петок 23.06, ручек во сабота 24.06 и доручек во недела 25.06. Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.

Цените на картите се следни:
1.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во п.дом Караџица +3 оброка-1000
2.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во шатор + 3 оброка- 800 ден
3.Превоз Скопје-рибник-Скопје со сопствено сместување со шатор, вреќи и подметачи + 3 оброка -600 ден
4.Котизацијата за оние кои ќе се одлучат да дојдат на настанот во сопствена организација за превоз и спиење во шатор е бесплатна! (пријавувањето за сите категории е задолжително)

Заинтересираните за турата можат да се пријават и дополнително да се информираат на некој од телефоните:

070/323-150 – Јане
078/413-851 – Филип
070/522-143 – Никола

* Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
* Задолжителна резервација и плаќање до 18.06.2017-та

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија