Наслов

Begovo Pole - Outdoor Party 2017
Локација: 
Планинарски дом Караџица
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 23 Јуни, 2017 - 17:00

Контакт

Програма за планинарска акција Бегово Поле 2017-та

Петок-23.06.2017
17:00 - Поаѓање со организиран превоз од Железничка станица (Транспортен центар) до рибник Принц- с.Алдинци
18:30 - Пристигнување во рибник Принц, и по планинарска патека упатување кон п.дом Караџица
20:00 - Пристигнување во п.дом Караџица, сместување на гостите
20:30 - Заедничка вечера

Сабота-24.06.2017
07:00 - Будење и појадок
08:00 - Поаѓање кон Бегово Поле (Солунска Глава 2540 м.н.в.)
11.30 - Пристигнување на Бегово Поле, по кратката пауза една група се упатува кон Солунска Глава (2540 м.н.в)
12:00 - Почеток на забавата, настап на Fiction
16:00 - Тргнување кон п.дом Караџица
18:00 - Пристигнување во п.дом Караџица заеднички ручек и попладневен одмор
20:00 - Презентација на фотографии од историско значење за Планинарскиот спортски клуб Драчево, прикажување на краткометражни филмови поврзани со планината.
21:00 - Почеток на заедничка планинарска забава

Недела-25.06.2017
Будење по желба
10:00 - Кратка локална прошетка (Жаба-Река-Римска населба-дом Караџица)
15:00 - Поаѓање од п.дом Караџица кон рибник Принц
16:30 - Поаѓање од рибник Принц со организиран превоз кон Скопје
18:00 - Пристигнување во Скопје( Железничка станица-Транспортен Центар)

НАПОМЕНИ:

- Групата ќе биде водена од водичи одредени од организаторот ПСК Драчево "Филип Чакаров" .
- Секое отстапување од програмата кое е без дозвола од организаторот го иззема истиот од било каква одговорност кон тие учесници.
- Од организаторот ќе бидат обезбедени 3 оброци. Вечера во петок 23.06, ручек во сабота 24.06 и доручек во недела 25.06. Останатите оброци сите учесници си ги носат и планираат сами.

Цените на картите се следни:
1.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во п.дом Караџица +3 оброка-1000
2.Превоз Скопје-рибник-Скопје + 2 ноќевања во шатор + 3 оброка- 800 ден
3.Превоз Скопје-рибник-Скопје со сопствено сместување со шатор, вреќи и подметачи + 3 оброка -600 ден
4.Котизацијата за оние кои ќе се одлучат да дојдат на настанот во сопствена организација за превоз и спиење во шатор е бесплатна! (пријавувањето за сите категории е задолжително)

Заинтересираните за турата можат да се пријават и дополнително да се информираат на некој од телефоните:

070/323-150 – Јане
078/413-851 – Филип
070/522-143 – Никола

* Организаторот го задржува правото за измени во програмата во зависност со условите на теренот.
* Задолжителна резервација и плаќање до 18.06.2017-та

За овој настан сеуште нема пријавено гости.