Акција 8М (само за девојки)

Датум на почеток:

03.08.2015

Време на почеток:

04:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Наши драги планинарки!
И оваа година, по втор пат, решивме да го прославиме 8 ми Март на еден поинаков начин.
Па затоа ПСК „Димитар Илиевски – Муратот” Ве поканува на рекреативно искачување на врвот Кајмакчалан, Ниџе (од Грчка страна) и посета на Лутраки на ден 08.03.2015 година.
Бидете и Вие дел од „Акција 8М”

Програма на искачување:

Поаѓање: 5.30 часот од згр. „Шехерезада” – Битола
Враќање: 16 часот кон Битола
Времетраење на искачувањето: 2 часа
Тежина на патеката: Средна
Симнување: околу 12 часот и упатување кон Лутраки

Опрема:
—Зимска опрема (зимски чизми, зимска јакна, глежњаци, капа, поткапа, ракавици, очила за сонце/скијање, штеки, облека за преслекување)
—Лутраки – костим за капење, крпа
Храна: Од ранец, суво овошје и 1,5л. вода

Превоз: Со организиран превоз комбе со 25 седишта (доаѓаат тие што се редоследно пријавени). Пријавување најкасно до четврток 05.03.2015г.

Напомена:
—Секоја учесничка да носи со себе пасош и ливче за контрола на грчката граница.
—Заради групно осигурување учесничките потребно е да достават име и презиме, матичен број и број на пасош.
—За учесничките од другите градови кои сакаат да преноќат од сабота обезбедено е сместување во Битола кое изнесува 600 денари.

Организаторот го задржува прaвото да ја промени патеката ако временските услови не се поволни и да ги врати учесничките кои не носат соодветна опрема.

Трошоци:
Осигурување 60 денари
Лутраки 3 евра
Превоз 10 евра
Сместување 600 денари

Ќе ни биде чест ако и Вие со Вашето присуство дадете значење на ова искачување.
Да се потрудиме да бидеме побројни, да биде позабавно!

Телефон за контакт:
Наташа Бошковска тел 078/236 035
Мирјана Блажевска тел 078/253 276
ПСК „Димитар Илиевски – Мурато”- Битола

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија