Акција 6/7 – Зима на Скопска

Датум на почеток:

02.11.2018

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПСК Скопска црна гора Ве поканува на настанот ЗИМА НА СКОПСКА – 7 зимски планинарски акции.

На акцијата 6/7 Зима на Скопска се движиме по Манастирска патека 1 на Скопска црна гора.
Стартна позиција последна автобуска во с.Бањани 520 мнв се движиме кон Манастирот св. Никита во с. Горњани на 570 мнв,
продолжуваме преку манастирот св.Богородица до манастирот св.Благовештение 1080 мнв. Тоа е воедно и највисоката точка на искачување. Патеката продолжува во слегувачка линија преку Манастирот св. Спас и доаѓа до Манастирот св.Илија.Од таму повторно се спуштаме до с.Бањани.
Вкупна должина на патеката е 14 км.

Турата не е многу тешка за движење со сепак е потребна добра психофизичка подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, капа, ракавици и зимска јакна/шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. По патот ќе се изведуваат кратки паузи и поголема пауза на кај некој од манастирите во зависност од временските услови.

До с.Бањани се стигнува со автобус бр.71 кој поаѓа од Транспортен центар во 6,40 часот.За враќање со истиот автобус во 15,20 или во 17,00 часот.
Може да се дојде и со сопствени возила пошто турата е кружна.
Старт на акцијата во 7,45 часот.

Контакт телефони:
Дејан 072-252-915
Ѓорѓи 070-230-526

Поздрав ПСК СЦГ

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија