Акција 4/7 – Зима на Скопска-Цареви ливади 1550 мнв

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

06:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ПСК Скопска црна гора Ве поканува на настанот ЗИМА НА СКОПСКА – 7 зимски планинарски акции.

Четвртата зимска планинарска акција ќе биде искачување на ЦАРЕВИ ЛИВАДИ 1550 мнв на Скопска црна гора.

Стартна позиција последна автобуска станица во с.Побожје се движиме до манастирот Св.Архангел Михаил а од тука се искачуваме преку Ајдучка чешма до Цареви ливади.За враќање ја користиме истата патека . Вкупна должина на патеката 20 км. Вкупна денивелација во искачување 1200 м.

Турата е средно тешка и е потребна добра психофизичка подготвеност и кондиција. Од опрема задолжително треба да се понесат планинарски обувки, капа, ракавици и зимска јакна /шушкавец, челна ламба/светилка, а од храна лесна храна/овошје и 1,5л течност. Турата не е за послабо спремни планинари има доста искачување а денот е краток нема време за споро движење и многу паузи нарочито ако има снег.

До с.Побожје се оди со автобус бр. 61 поаѓа од транспортен во 6,45 ч за враќање со со истиот автобус во 16,30 или 18,10 часот
До с.Побожје може да се дојде и со сопствени возила на последна автобуска 61 бидејки турата е кружна и се враќаме на стартна позиција.Старт на турата во 7,45 ч.

Контакт телефон Ѓорѓи 070-230-526

Поздрав ПСК СЦГ

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија