9то Ноемвриски Марш

Датум на почеток:

11.08.2015

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Второ организирано искачување на Солунска Глава 2540 од Планинарското Друштво Чеплес по повод деветти ноември.

По тој повод ги повикуваме сите наши членови и пријатели, заинтересирани за овој настан да се приклучат кон оваа наша дружба. Настанот започнува на 07.11.2015 со пристигнување на учесниците во Планинарскиот Дом Чеплес. По сместување на учесниците , во вечерните часеви ќе се оддржи мала седенка до 23.30 за во утринскитечасеви на 08.11.2015 односно во 06.00 да започне маршот и искачувањето на Солунска Глава.

По искачувањето и враќање во Планинарскиот Дом од организаторот има обезбедено ручек (планинарско гравче) а потоа ќе се доделат благодарници на планинарските друштва за учеството во акцијата.

Сите заинтересирани учесници и планинарски друштва да се јават на тел 075 216 099 Тоше ,за потврда и резервација за ноќевање. Ноќевањето за сите учесници е 150 ден во стариот дел и 300 ден во новиот дел. Поради ограничениот број на легла се замолуваат заинтересираните навремено да се пријават а потоа и да се појават.

Потребна опрема за планинарење во зимски услови и кабаница. Секој учесник е должен да ги почитува правилата на организаторот и водичот, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици.. Наведената акција е организирана и движењето ќе се одвива во колона предводена од водичот. Организаторот и водичот имаат право да исклучат учесник пред стартот на акцијата, се разбира доколку не ги исполнува наведените услови и не поседува адекватна опрема предвидена за акцијата.

Организаторот и водичот го задржуваат правото за измена на терминот и рутата на наведената акција , во зависност од временските услови и останати технички препреки.

Автор

Aleksandar Kirkovski

Скопје

Македонија