6/12 Мовнатец, Даутица

Датум на почеток:

03.05.2017

Време на почеток:

05:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

ДПС ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ во рамки на предизвикот „12 Врвови„ организира искачување на врвот Мовнатец на 05 Март 2017 год.

Шестиот врв е врвот Мовнатец кој се наоѓа на планината Даутица, висок 1.571 метри надморска височина.

Врвот Мовнатец се наоѓа над сe лото Маргари, во неговата околија е познатиот манастир „Свето Преображение” над селото Зрзе како и Пештерата Змејовица. Наведените специфики на околијата на врвот Мовнатец ќе биде трасирани во акцијата.

Пештерата Змејовица се наоѓа високо на билото на западната падина на планината Даутица, веднаш над селото Крапа во областа Порече. Поточно, таа е сместена на највисокиот дел на западната падина на надморска височина од 1410 метри, веднаш под самиот срт на планината Даутица помеѓу селото Крапа на запад, манастирот „Св. Преображение” – Зрзе на југ и врвот Мовнатец над селото Маргари на исток.

Интересен и несекојдневен предел, не доволно истражен, вистински предизвик за сите планинари.

Легендата за пределот на Мовнатец и Кротеница вели дека Крале Марко тука минувал со коњот. Кога ќе поминел на Мовнатец, коњот му се намовнатувал (се наежувал), а на Кротеница, пак, се скротувал…

Детали за настанот ќе бидат објавени во периодот кој следува.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија