4 Традиционален планинарски марш посветен на Даре Џамбаз

Датум на почеток:

04.02.2017

Време на почеток:

03:30

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Пред нас е уште една акција од иницијативата #ИзлезиИДиши, која опфаќа кратки и лесни тури за сите уживатели во природата и планината.
Овојпат ви ја презентираме најлесната патека со која, можеби, е најдобро да почнете да пешачите. После оваа патека, сите други патеки се со поголема тежина.

Овој викенд се приклучуваме на акцијата на ПСЗ „Козјак” – Прилеп, кој го организира четвртиот по ред традиционален марш посветен на основоположникот на планинарството во Македонија, Даре Џамбаз.

На програмата е патека од 14 км, со појдовна точка од с. Дупјачани, преку манастирот Трескавец, Златоврв и Маркови Кули до Прилеп. Патеката е во еден правец и се совладува висинска разлика од 600 метри (нешто помалку од Водно), што ја прави погодна за сите од 7 до 77 кои сакаат да пропешачат, да се дружат и да се смеат.
Патеката спаѓа во лесно напорни патеки (ливадарење).

ПРОГРАМА:
– 05:30 – поаѓање од Скопје од паркингот пред Пошта 2 кај Железничка станица (без доцнење).
– 08:00 – пристигнување на групата во с. Дупјачани и старт на маршот.
– 12:30 – пристигнување во манастирот Св. Богородица-Трескавец, каде е обезбеден ручек (гравче).
*** Секој сам си носи прибор за јадење ***
– 13:00 – тргнување од Трескавец кон Маркови Кули и Варош.
– 17:00 – затворање на маршот и доделување благодарници за учество.
– 21:00 – предвидено пристигнување во Скопје.

*** Над манастирот Трескавец одиме да го допреме златното јаболко на Златоврв (1422 м.н.в.). Ова важи само за физички НАЈПОДГОТВЕНИТЕ***

*** По патеката се поминува покрај локалитетот Сурун, каде се пронајдени старомакедонски гробници.
Целата патека изобилува со извонредни скулптури на релјефот и камења од кои природата создала грандиозни фигури.
Попатно ги посетуваме манастирот Св. Архангел Михаил, црквата Св. Димитрија и Амфитеатарот (Варош).

ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ:
– психофизичка подготвеност за пешачење
– удобни чевли или патики.

ИСХРАНА:
– секој сам си носи исхрана од ранец;
– вода 2 л.;
– суво овошје, сендвичи и сл.

ПРИЈАВУВАЊЕ, ПРЕВОЗ И ЦЕНА:
– Цената за превоз од Скопје е 550 денари по лице.
– Пријавување и плаќање најдоцна до сабота (1 април) до 15:00 кај Алекс ✆ 070 382 751

НАПОМЕНА:
– Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија