36то Традиционално Искачување на ТИТОВ ВРВ 2747м.

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

15:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

36то Традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина,Титов Врв 2747м.

Планинарски Клуб „Љуботен” – Тетово по триесет и шести пат го организира традиционалното искачување на Титов Врв, кое само по себе низ годините стана препознатлив планинарски бренд во Република Македонија. Со вакви настани, нашата земја гради традиција која трае и не претставува пред меѓународната јавност.
Настанот е дел од прославата по повод „Денот на Европа” организирана од Канцеларијата на ЕУ во Скопје, а овогодинешното мото на искачувањето е: Планинскиот цвет и пластичниот смет не одат заедно!
Да ја зачуваме животната средина за поздрава иднина!
И оваа година Планинарското Друштво Кожуф Гевгелија ќе учествува на оваа традиционално искачување.

ПРОГРАМА
27.05.2017 (Сабота )
10:00 Поаѓање од Гевгелија од пред спортска сала 26ти Април возење до Попова Шапка,попатна пауза во Тетово.
По пристигнувањето во Попова Шапка сместување и доколку има време мала прошетка до Јелак. (2часа пешачење Попова Шапка – Јелак – Попова Шапка)
19:30 часот – состанок со водачите на екипите на кои ќе бидат детално објаснети условите за искачувањето и доделување на дипломите за учество.
20:00 часот – 23:00 часот – планинарско дружење и забава.
28.05.2017 (Недела)
06:30 часот – Поаѓање на колоната од платото пред хотел „Попова Шапка” кон Титов Врв по „Вакуфска Патека”!
11:00 часот – пристигнување на колоната на Титов Врв.
12:00 часот – поаѓање на колоната од Титов Врв кон Попова Шапка.
16:00 часот – пристигнување на Попова Шапка, мал одмор и поаѓање кон Гевгелија.

ПОТРЕБНА ОПРЕМА :
-Соодветни чевли за планинарење (по можност планинарски чевли)
– Јакна
– Мантил за дожд
-ракавици и капа

ЦЕНА :
* Превоз:
-15 учесници 750ден. (по особа)
-20 учесници 550ден.
* Ноќевање :
-планинарски соби 300ден.
-хотелски соби 600ден.
цените се за во Конак Попова Шапка
http://www.konak.com.mk/
* Исхрана од ранец
Последен рок за пријавување Понеделник 15.05.2017г.
поради обезбедување ноќевање во Конак.
Секој пријавен е должен на 15.05.2017г. да остави аванс од 500 ден.
Пријавување во канцеларијата на П.Д.Кожуф секој понеделник и четврток од 20ч. или на фацебоок кај
Каркалашев Ристо
https://www.facebook.com/risto.karkalasev

ОРГАНИЗАТОР :
Каркалашев Ристо
Планинарско Друштво Кожуф Гевгелија

ВОДИЧ :
Каркалашев Ристо

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија