16-ти МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ „ЧЕТИРИ АЛПИНИСТИ“ СОЛУНСКА ГЛАВА
Датум на почеток:
12.05.2014
Време на почеток:
19:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
Почитувани
По повод 16 годинини од несреќата во која животот го загубија нашите пријатели – алпинисти : Влатко Боцевски, Бранислав Ристовски, Огњан Филиповски и Предраг Толмачев, во периодот од 05-07.12.2014г. во организација на АК. „К2″ ќе се одржи традиционалното искачување на врвот Солунска Глава.
Ве повикуваме заедно да го одбележиме овој настан и да одадеме почит на нашите пријатели.
Програма на меморијалот:
Петок 05.12.2014г.
– Пристигнување и сместување во планинарскиот дом “Чеплес” во попладневните и вечерните часови.
– За оние кои не знаат или не се сигурни како да пристигнат до пл.дом “Чеплес” ќе биде обезбедена придружница. Оваа група ќе појде од Богомила (зборно место железничка станица) од 16:30 – 17:00 часот. А.К. “К2” ќе се потруди да обезбеди транспорт за целата група до село Нежилово, а доколку тоа е изводливо (во зависност од условите на патот) и до самиот пл.дом “Чеплес”.
22:00 – Отворање на меморијалот
Сабота 06.12.2014г.
08:00 – Старт на маршот. Посета на месноста “Горна Бабина Рупа” и искачување на врвот “Солунска Глава”.
16:00 – Ручек – планинарско гравче
18:00 – Потсетување на нашите другари (проекција на документарниот филм изработен во нивна чест)
19:00 – Проекции на филмови на тема планинарство и алпинизам.
21:00 – Планинарска вечер
Недела 07.12.2014г.
– Кратки прошетки
12:00 – Затворање на меморијалот
13:00 – Заминување
Напомена:
За искачувањето од пл.дом „Чеплес“ до врв Солунска Глава задолжителна е зимска планинарска опрема (добри планинарски чевли, гамашни, топла облека, капа, ракавици и сл.).
Сместувањето во пл.дом Чеплес ќе биде по цена од 150 денари во стариот дел и 300 денари во новиот дел за една ноќ.
Информации на телефоните: 070/379 786 Влатко и 070/395 052 Александар
Со спортски поздрав: АК “К2”
Претседател: Милошевиќ Дарио