Наслов

14-ти Меморијален марш „Чичко Јосиф Илковски 2017 година„
Локација: 
Китка
Држава: 
Македонија
Датум: 
Петок, 21 Април, 2017 - 15:00

Контакт

Име и презиме: 
Зоран Костадинов

ДПС Трансверзалец од Скопје по 14-ти пат ќе го организира Меморијалниот Марш „Чичко Јосиф Илковски 2017 година„ во чест на нашиот драг пријател и планинар, писател и борец за Македонија како пристојно место за живеење, кој трагично загина бранејки ја убавината на нашата планина Китка- „Јосиф Илковски 1924-2001„

Мото на маршот е заветот на Чичко Јосиф „Човеку-нечовеку, границата твоја е доброто-злото„ Основна цел на маршот е масовно вклучување на граѓаните во планинарството како спорт за своја душа и тело. Искачувањето на Китка ви овозможува прошетка по прекрасните падини за цела фамилија, без оглед на староста и полот. Да почуствувате задоволство на победа, зошто секој кој ќе се искачи на врвот е победник.


Маршот е составен од две патеки и тоа:


1. Екстремна патека – Три (3) дневен марш од 21 до 23.04.2017 г. Маршрута: планинарски дом „Чеплес„ -Солунска Глава (2540 м.) -Бегово поле-планинарски дом Караџица - Алдинци - Преслап - планинарски дом Китка - Горно Количани. Патеката е долга 50 км со 2620 м. висинска разлика и се пешачи 19 ч. Зборно место планинарски дом Чеплес на 22.04.2017 во 07 ч. Бројот на учесници е делумно ограничен поради нокевање во планинарските домови Чеплес и Караџица. Исхраната е од ранец.


2. Рекреативна патека - Еднодневна акција на 24.04.2017 г. Маршрута: с.Горно Количани - планинарски дом Китка - с.Горно Количани. Должина на патеката е 8100 м. со висинска разлика од 780 м. и се пешачи 2:30 ч. и 2 ч. за враќање. Зборно место на 23.04.2017 пред ПТТ Железничка станица во 08 часот. Бројот на учесници не е ограничен. Организаторот обезбедува превоз на релација Скопје-Горно Количани-Скопје на 23.04.2017 - цена 150 денари. Карти може да се набават во продавницата пред Судентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. Исхрана од ранец, обезбеден чај. Во 13 ч. ќе се положи цвеќе и ке се одржи пригодна беседа за нашиот драг пријател Јосиф Илковски во близина на спомен плочата.


o Право на учество има секој кој се чуствува здрав и способен за ваков предизвик и сака да партиципира во чествувањето за Чичко Јосиф.

 o Патеката е одбележана со црвен круг и внатре со бела боја или црвена со бела линија, или црвени и жолти знаменца.

o Однесување на патеката - секој учесник е должен да ја чува околината од пожар, смет, кршење, загадување - нека листот и понатака зеленее.

o Опрема и облека според временската прогноза, обрнете внимание на обувките, треба да се разгазени за да не се добијат плускавци, кабаница за дожд, и сл.

o Пријавување и информации најдоцна до 19.04.2017год. : 070-641-998

За овој настан сеуште нема пријавено гости.

Мапа

П В С Ч П С Н
 
 
 
 
 
1
 
 
3
 
4
 
5
 
6
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
17
 
18
 
19
 
 
21
 
22
 
 
24
 
25
 
26
 
27
 
28
 
 
 
31
 
 
 
 
 
 
 

На Facebook