Спелео камп „Галичица“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Bottom Time – Охрид и Спелеолошки клуб „Златоврв” – Прилеп, во соработка со националниот парк „Галичица”, по втор пат организираат спелеолошки камп на Галичица.
Оваа година базниот камп ќе биде лоциран кај планинската куќа Асан Ѓура, а активностите ќе се состојат во посета, истражување и документирање на пештери на платото на Галичица, како и спелеонуркачки вежби во водите на Охридското Езеро.

П Р О Г Р А М А

СПЕЛЕО КАМП ГАЛИЧИЦА (16-21.08.2016 г.)
Организатори:
Спелеонуркачки клуб „Ботом Тајм” – Охрид и Спелеолошки клуб „Златоврв” – Прилеп во соработка со ЈУ Национален парк „Галичица”.
БАЗЕН КАМП И СМЕСТУВАЊЕ
Планинарска куќа „Асан Ѓура”
– сместувањето ќе биде во шатори покрај куќата (секој треба да си обезбеди шатор)
– од куќата ќе се користи кујната
– ќе биде обезбеден агрегат
– до платото води асфалтен пат кој се дели од патот Стење-Трпејца, по што до куќата продолжува земјен пат во релативно добра состојба. Се препорачува теренско возило.
ХРАНА
Секој учесник сам си обезбедува храна.
ПЛАНИРАНИ АКТИВНОСТИ
1. Посета на пештери
– Ќе се има можност да се посетат пештерите Самоска Дупка, Свинска Стрна и Војла
– За пештерите ќе бидат обезбедени информации за локација на влезот (GPS координати, локација на топографска карта) и скица
– Пештерите Свинска Стрна и Војла имаат вертикални делници кои нема да бидат опремени. Секој кој ќе сака да ги посети, ќе треба да си опремува. Подетални информации за потребна опрема за опремување ќе бидат обезбедени.
2. Истражување и документирање на пештери
– Ќе се врши првично истражување на пештерата Ветри Гумења (веројатно мала по димензии)
– Ќе се врши истражување на понорите на Горно Студино
– Ќе се врши картирање на Самоска Дупка
– Ќе се врши фотографирање на пештерите
3. Површинска проспекција за лоцирање на нови пештери
– Ќе бидат обезбедени топографски карти и сателитски снимки по реони за површинска проспекција на теренот
4. Извидница на високопланинскиот дел на Стара Галичица
– Ќе биде изведена еднодневна посета на високопланинскиот дел на Стара Галичица со цел лоцирање на нови пештери (пропасти).
5. Вежби на спелеонуркачки техники во Охридско Езеро
– Ќе се изведат вежби на спелеонуркачки техники на поставен полигон во Охридско Езеро. Точната локација ќе биде накнадно одредена.
ДНЕВЕН РАСПОРЕД НА АКТИВНОСТИТЕ
16.08. (вторник)
– пристигнување и поставување на кампот
– посета на пештери (по желба)
– отворање на кампот и логорски оган
17.08. (среда)
– посета на пештери
– истражување на пештери
– површинска проспекција
18.08. (четврток)
– посета на пештери
– истражување на пештери
– површинска проспекција
19.08. (петок)
– посета на пештери
– истражување на пештери
– површинска проспекција
– спелеонуркачки вежби
20.08. (сабота)
– целодневна извидница на високопланинскиот дел на Стара Галичица
– спелеонуркачки вежби
21.08. (недела)
– сумирање на резултатите
– затворање и собирање на кампот
РЕЗУЛТАТИ
Од сумираните резултати ќе биде изготвен извештај.
ПРИЈАВУВАЊЕ
Александар Булески (Ботом Тајм – Охрид) – 070 245 709; [email protected]
Дарко Јованоски (СК Златоврв – Прилеп) – 078 451 099; [email protected]
*пријавувањето е најкасно до 10.08.2016, со цел навремено пријавување во Националниот парк.
НАПОМЕНА
Секој учествува на своја одговорност!

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија