Со Срце за Зелено Маврово

Датум на почеток:

12.02.2017

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Драги сите,

Ви благодариме за вашата вклученост и испратените фотографии со отпадни места низ Маврово. По направената анализа, одлучивме акцијата за чистење да се одвива на следните локалитети:

1. Детско одморалиште Бунец – кај„Чешма”
2. Пешачката зона од Инфо центарот до Маврови Анови
3. Околината кај Стариот Камп
4. Околината кај Ски центарот и спортските терени
5. Околината кај местото “Бојков Кладенец”
6. Околината кај Црквата “Света Петка”
7. Околината кај местото “Црн Камен”
8. Околината кај Коњаничкиот ранч кај селото Галичник

За да се пријавите во акцијата треба да го пополните формуларот на следниот линк: https://docs.google.com/…/1sn6CbZlCSggdQL9rQ8TBtET21k8…/edit
Сите учесници во акцијата ќе добијат соодветна опрема, храна, пијалок, и ваучер за дневна ски-карта за Ски сезоната 2018/2019. За сите учесници ќе бидат обезбедени вода и оброци, како и ваучери за еднодневна ски карта, која ќе може да се искористи во текот на Ски Сезоната 2018.

Програма за денот:
09:00 Скопје (точната локација ќе се утврди) – Поаѓање со автобус кон Маврово;
11:00 Пристигнување во Маврово, распоредување по локации, земање опрема;
12:00 – 14:00 часот – Акција за чистење на отпадните локации;
14:30 – 17:00 часот – „After work” забава во Дискотека Ратрак (храна, пијалок, музика, забава);
17:00 – Заминување од Маврово;

Автобуски транспорт ќе биде организиран на релација Скопје – Маврово – Скопје, а дополнително може да се организира и од други градови (на пр. Гостивар, Тетово) во зависност од големината на групите.
Сите прашања и предлози се добредојдени, испратете ги на [email protected].

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија