Семинар Сахаџ самади медитација во Скопје

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Сахаџ самади (Sahaj Samadhi) медитација е моќна но, лесна техника која му овозможува на свесниот ум да ја доживее тивката длабочина на својата природа.

Сахаџ (Sahaj) – на санскрит значи без напор, а самади (Samadhi) значи тивка состојба на свест без мисли – посебна состојба на будност. По практикувањето на медитацијата, ќе почувствувате повеќе енергија, појасна визија и размислување, креативност и можеби најважно од се длабок внатрешен мир. На овој семинар се добива лична мантра која на многу лесен начин ве води во длабочините на душата.

Што вели науката:

Научно е потврдено дека кога вашиот ум се наоѓа во состојба на самади мeдитација, вашето тело успева да се одмори и да го замени спиењето. Оваа состојба на одмор е клучот за елиминирање на длабоко вкоренетиот стрес, анксиозност и замор, причината за повеќето физички и ментални болести .

Видливи резултати од практикувањето медитација:
Јасност и живост на умот и поврзување со изворот на животот за само 20 минути, која може да се доживее веднаш по краткото практикувањето на оваа техника. Целосна состојба на мир, подобрување на физиолошките функции на организмот во сите сегменти на животот.

Упатство:
Сахаџ самади е едноставна медитативна пракса, која лесно може да ја научи секој. Имате можност да ја научите на ист начин како што таа се изучувала пред илјадници години, преку долгата традиција на мајстори од Индија. За посета на овој семинар не е потребно никакво предзнаење или било какво искуство од медитација.

Семинарот ќе го води Александра Грујовиќ, сениор учител по медитација и високо ценета јога инструкторка во овој дел од Балканот. Илјадници луѓе биле иницирани во медитацијата на нејзините семинари и доживеале благосостојба и добробит во сите сфери на својот секојдневен живот. Нејзината популарност е таква што на сесиите и семинарите се бара место повеќе.

Термин и место на одржување:
Скопје, 13.03.2015 (петок) 18-21 ч.
14 и 15.03.2015 (сабота и недела) 10-12 ч.

Место на одржување: Центар за личен развој и духовни дисциплини Сино, ул. „Борка Талевски” 26/8-33, 1000 Скопје.

Цената на 3 дневниот семинар изнесува 3.200 денари, а за оние кои што сакаат да го повторат знаењето донацијата чини 600 денари.

Повеќе информации кај Горан Поповски 070/410-505

Споделете ја оваа информација со сите оние за кои мислите дека би ги интересирало.

Со почит,

Уметност на живеење Македонија

Автор

Дејан

Скопје

Македонија