Семинар – Програма на среќата во Скопје, 20-23 март 2015

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

17:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Почитувани,

Повелете на нашата следна работилница – програма на среќата – откривање на повеќе мир, енергија и радост. Ова е уште една можност да го поминете ова прекрасно знаење, пред големиот напреден семинар кој ќе се одржи во Македонија, а воедно е и услов за посетување на истиот.

Работилницата се темели на древните знаења за уметноста на живеењето и исцелителската моќ на здивот прилагоден кон потребите на современиот човек. Таа нуди практични алатки за: справување со стресот, будење на внатрешниот потенцијал за самоисцелување, свесност и радост во секојдневното живеење во склад со внатрешниот мир.

Стресот е избор!
Ако стресот е избор, вие можете да изберете да го немате!

Работилницата Уметност на живеење нуди посебни техники на дишење кои што телото го исполнуваат со енергија и го ускладуваат неговиот природен ритам со умот и емоциите. Дознајте зошто работилницата Уметност на среќата е толку популарна во светот!!!.

Зошто повеќе од 30 милиони луѓе ширум светот го поминале ова подарено Знаење од еден од најпознатите хуманисти и учители Шри Шри Рави Шанкар! На работилницата ќе добиете знаење за здивот , Pranayama – јогистички техники на дишење, искуство во медитацијата. Составен дел е и сударшан крија®, техника со која се воспоставува рамнотежа во животот и добиваме исклучително искуство како преку здивот да се поврземе со самите себе.

Оваа техника користи различен ритам на дишење при што сите клетки се исполнуваат со кислород и енергија. Практикантите велат дека со редовно вежбање (15-20 минути дневно) ја подобриле физичката и менталната способност како и меѓучовечките односи.

Повеќе информации можете да најдете на следната интернет страна: www.artofliving.mk, www.artofliving.eu .

Работилницата ќе ја води тимот на инструктори: Магдалена, Соња и Горан.

Термин на одржување:

  • 20 март 2015 (петок) 18:00 – 21:00 часот
  • 21 март 2015 (сабота) 10:00 – 20:00 часот
  • 22 март 2015 (недела) 10:00 – 21:00 часот
  • 23 март 2015 (понеделник) 18:00 -21:00 часот

Место на одржување: Детска градинка „Пепелашка” (во близина на Црвен Крст) ул. „Ленинградска” бр 102, Скопје.

Важна забелешка: Присуството е задолжително во текот на целата работилница;
Цената на 4 дневната работиница изнесува 3.200,оо денари. Цената за студенти изнесува 2.000,оо денари. Интересот потврдете го со испраќање на пријава и уплата на аванс од 1.000,оо денари на сметката при НЛБ Тутунска Банка 210062445300134. Заради големината на салата бројот на посетители е ограничен. За оние кои сакаат да го повторат Знаењето, цената на работилницата изнесува 600,оо денари.

Потребно е со себе да си понесете удобна облека и простирка за вежбање, прекривка, шише со вода или термос со топла напивка и голема насмевка 🙂 ….
Ве молиме оваа информација проследете ја до сите оние на кои што мислите дека им е потребна или недостапна.

Пријавувањата се во тек и можете да ги извршите кај:
Маца 075/34.10.30 [email protected] ; skype:magdalena-maca
Горан 070/41.05.05 [email protected] ; skype:popovskigoran

Со почит,

Уметност на живеење Македонија

Автор

Дејан

Скопје

Македонија