Нека победи Партизан!

Датум на почеток:

23.02.2020

Време на почеток:

16:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

„Да го вратиме Партизан на граѓаните” е иницијатива на граѓаните на Карпош со цел спречување на понатамошно уништување на овој вреден спортско рекреативен објект и негово враќање во функција на жителите.

На 27.07 од 9 часот планираме неформално дружење проследено со спортска и забавна содржина и ги повикуваме сите жители на Карпош, но и сите останати да ни се придружат во оваа акција.

Скршени прозорци и врати, ишарани ѕидови, отпад на сите страни, a влезот слободен. Ваква е состојбата на спортската сала „Наум Наумовски – Борче” попозната како „Партизан”, која некогаш била гордост на градот Скопје.

Ваков спортски објект многу значи и за здравјето на младите генерации и штета е да не функционира повеќе од 10 години.

И најстарите жители од населбата Карпош, со носталгии зборуваат за почетоците каде го поминале нивното детство. Велат дека салата „Партизан” важела за една од најпосетуваните спортски сали, а тука биле и првите спортски чекори на голем број спортисти.

– „Тука сме израснале, сме играле и детски игри и фудбал, жалосно е.”

– „Тука имаше многу спортски активности, имаше деца кои научија и ракомет и фудбал и пинг понг”

Револтирани, за катастрофалната состојба во која се наоѓа салата „Партизан”, жителите бараат салата да се врати во првобитна состојба бидејќи таа им припаѓа ним.

„Наум Наумовски – Борче”, или како што Скопјани се сеќаваат салата „Партизан” е изградена во 1969 година како подарок на француската влада за Скопје веднаш по катастрофалниот земјотрес.

Споделете го настанот, повикајте ги вашите пријатели и секако, придружете ни се во одбрана на „Партизан”…

Автор

Mladena Petrova

Виница

Македонија