Наслов

На секој му треба топлина - Стопли Срце
Држава: 
Македонија
Датум: 
Среда, 6 Декември, 2017 - 13:00

Контакт

Ајде да помогнеме! Идат зисмки денови и има луѓе на кои можеме да им помогнеме! Идејата е на 6ти Декември од 13 часот до 21 часот во Нано Бар да ги собереме јакните кои не ни се потребни нам - но на некој друг живот му значат - и да ги ставиме низ центарот и околината на Скопје - за да може секој на кој му треба топлина да се згрее во овие студени ноќи и денови. Сите вие кои сакате да ги донирате вашите јакни може да го сторите тоа. Ајде дечки можеме ние да го направиме ова! И секој кој сака да се приклучи и да помогне е добредојден! Се зависи од бројот на јакните кои ќе бидат соберени. Дел ќе се остават низ Скопје за да можат да ги земат луѓето кои што не се во можност да дојдат до пунктовите и луѓето кои се на улиците како и социјално загрозените. Дел лично ќе ги поделиме на бездомниците, а останатите ќе ги однесеме на пунктовите каде што веќе се собираат донации, за луѓето на кои што им се потребни.
Другари вие што не сте во можност да присуствувате во одредените денови, слободно може да го направите истото на своја рака во својата општина. Закачете ја својата јакна на било кое дрво - сигурно ќе се најде некој на кого му е потребна топлина!

За овој настан сеуште нема пријавено гости.