МОК СЕМИНАР – “ГЕНЕТИКА И ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА УСПЕШЕН СПОРТСКИ РАЗВОЈ“

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

07:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

Како што знаете, за постигнување на врвни спортски резултати, секоја Олимписка спортска организација мора сериозно во предвид да ја земеме и генетиката, како фактор кој има директно влијание врз перформансите на спортистите. Досегашните истражувања во однос на влијанието на генетиката во спортот треба да служат како патоказ за спортистите и тренерите, спортските клубови и Националните спортски федерации, како и за другите Олимписки и спортски организации, во кој правец треба да се насочи тренажниот процес и самиот тренинг.

Дали малите промени кај генетските фактори можат да влијаат врз спортските резултати? Дали други фактори можат да придонесат да дојде до промени во гените? Каква е состојбата со генетските истражувања во спортот? Дали гените можат да ни ги одредат/одстранат ризиците од повреди?

За таа цел, Македонскиот олимписки комитет, на 22 Октомври 2016 година на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, за потребите на Националните спортски федерации, спортските клубови и другите Олимписки спортски организации во Република Македонија, ќе го одржи семинарот “ГЕНЕТИКА И ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА УСПЕШЕН СПОРТСКИ РАЗВОЈ”.

Овој семинар, кој ќе го води Комисијата за наука и спорт при Македонскиот олимписки комитет, ќе се одржи на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, на 22 Октомври 2016 година, со почеток во 9:00 часот, со следната агенда:

9:00 Отварање на Семинарот – Претседател на Македонскиот олимписки комитет
9:15-10:00 “ACE” гени / Предавач: Д-р Месут Џерит
10:00-10:30 “ACTN3” гени / Предавач: Д-р Ондер Акгун
10:30-11:00 Улогата на енергетските системи врз спортски перформанси
Предавач: Д-р Месут Џерит
11:00-11:30 Пауза
11:30-12:00 Елементи за подобрување на спортските перформанси
Предавач: Д-р Месут Џерит
12:15-12:45 Одредување на типот на спортската дисциплина во зависност од генетска
предиспозиција на спортистите Предавач: Д-р Месут Џерит

12:45-13:15 Едукација и обука на тренерите врз основа на генетикатa
Предавач: Д-р Месут Џерит
13:15-14:00 Закуска – ручек
14:30-18:00 Користење на современа технологија за унапредувње на спортските перформанси
Предавач: Проф. Даворин Антониќ

1. “OptyJump” перформанси и мерки за предикција на повреди (Squat Jump, Counter Movement Jump test, Drop Jump, Witty SEM) Предавач: Проф. Даворин Антониќ
2. Систем за следење на перформанситте – Катапулт GPS систем / Предавач: Проф. Даворин Антониќ
3. Тензиомиографија / Предавач: Проф. Марко Сукрешки

Оваа активност е наменета за потребите на спортските клубови, Националните спортски федерации и за Олимписките спортски организации, за нивните експерти и стручни штабови кои се занимават со селекција и идентификација на млади талентирани спортисти како и за влијанието на генетиката врз резултатите на сениорите и сениорските репрезентации.

Остануваме на располагање за какви и да се дополнителни информации.

Со почит,
Канцеларија на Македонскиот олимписки комитет

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија