Крушево низ корија outdoor фестивал – трета епизода

Датум на почеток:

27.02.2020

Време на почеток:

08:00

Локација:

НАСТАНОТ ЗАВРШИ

Време до почеток

00
Недели
00
Ден
00
Час
00
Минути

Инфо

На 19ти и 20 ти август ќе се случи по ТРЕТ пат фестивалот на отворено „Крушево низ корија” кој во своите содржини ќе опфати : кампување со сите придружни содржини (бендови,DJ-и и сл.) планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија и тандем летови со параглајдер .
ПС. За сите заинтересирани кои саакаат да присуствуваат на настанот , а не сакаат да кампуваат , Хотел Монтана повторно ни нуди многу интересни можности за сместување… 30% промотивен попуст за ноќевање со појадок , само за овој настан….

Ноќевање во еднокреветна соба со доручек: 1.400,00 ден.
Ноќевање во двокреветна соба со доручек: 1.200,00 ден.
Ноќевање во трикреветна соба со доручек: 1.050,00 ден.
Ноќевање во повеќекреветна соба во хостел со доручек: 650,00 ден.
Се работи за дампинг цени заради промоција на настанот!!!!!

Секој учесник на фестивалот треба прво уредно да ја пополни апликацијата …кај организаторот ќе добие ваучер и белезица со кој ќе може да ги користи сите погодности што ги нуди фестивалот како што се :
место во кампот на Мечкин камен, учество на MTB турите , учество на планинарската тура , летање со параглајдер по повластена цена, дружење во кампот на целодневна журка со DJ и вечерната журка со бенд во кампот…сувенир маичка и марама (по скопски бандана 🙂 ) со логото на фестивалот…освежување и мезе со производите на пријателите на фестивалот…освежување со пијалоци и овошје на пунктовите…и други изненадувања… и тоа не е се 🙂 ..следува и ручек во Хотел Монтана… сето ова ќе ве чини 500 денари..повелете пријавете се…пријавувањето започна 🙂

Велосипедската тура ќе се вози на 20.08.2017г(недела) на две патеки :

1.Рекреативна тура низ Крушевските знаменитости
Старт 10:15 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671367408

2. Офроуд тура низ Крушевската корија
Старт 10 ч. Мечкин Камен

https://www.strava.com/activities/671465311

3 .Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота , 19.08.17 , од 14.00ч – 19.30ч и недела , 20.08.17 , од 10.00ч – 19.30ч . Сите љубители на летањето со параглајдер треба да си подигнат ваучер од кај организаторот….промотивната цена која ќе важи овие два дена е 1500 денари..

4. Планинарската тура ќе се одвива по следната рута:Мечкин Камен -Манастир Св.Василиј-Манастир Св.Спас каде што ќе има пункт со освежување и пауза. Се продолжува со искачување до Крушево каде што планинарите ќе можат групно да ги посетат културно историските споменици.Во Хотел Монтана за сите планинари има обезбедено планинарско гравче и салата.
…можеме да ја окарактеризраме како средно тешка тура со должина од 14 км.
GPS податоци наскоро

….истата ќе се реализира на 20.08.2017 (недела) со старт во 10.00ч

– Организаторот го задржува правото на корекции за одреден дел од патеките.

– Секој учесник треба да има технички исправен планински велосипед.
– За секој учесник задолжително е носење на заштитна кацига.
– Сите учесници настапуваат на сопствен ризик , односно организаторот не презема одговорност за постапките на учесниците со кој би се загрозиле себеси или друите учесници.
– За малолетни лица потребно е придружба од родител-старател.
– Напред возат лица со рефлектирачки елеци кои учесниците треба да ги следат.
– Строго е забрането возење пред лицата што ја водат групата и напуштање на обележаната патека.

Автор

Toni Ackovski

Скопје

Македонија