Јога- будење на сопствените потенцијали
Датум на почеток:
04.05.2016
Време на почеток:
16:00
Локација:
НАСТАНОТ ЗАВРШИ
else: ?>Време до почеток
Инфо
”Иако голем број луѓе на јогата гледаат како на “релаксација за два пати неделно” таа е начин на размислување и гледиште кон надворешниот свет. Нејзината најважна цел е човекот да се доживее себе си во својата изворна форма, а за да го постигне тоа треба да се извежба себе си да биде во состојба на “тука и сега”.
Практикувањето на јогата нé релаксира, ни го смирува нервниот систем, а со техниките на медитација можеме својот ум да го ослободиме од непотребните грижи, стравовите и врзаностите што ќе ни ја ослободи енергијата.
Дава чувство на спокојство и можност за зголемување на свесноста, која е спремна да продре подлабоко во откривањето на нашата поврзаност со останатиот дел од видливиот и невидливиот свет околу нас.” – вели Весна Алексовска, една од најстарите учители по јога во земјава
Најавуваме нов циклус на часови, од 5 април со распоред:
Вторник и Четврток
18ч. – почетна група
19ч. – средна група
20 ч. – Напредна група
За упис дојдете 15тина минути порано пред часот.
За дополнителни информации исконтактирајте не на те. 075/ 55 45 86, во периодот помеѓу 12 и 17часот.